Република Косово денеска ја слави 17-годишнината од независноста. На 17 февруари 2008 година, Собранието на Косово го прогласи Косово за независна суверена и демократска држава.
Декларацијата за независност на Косово беше донесена на 17 февруари 2008 година во Собранието на Република Косово, во Приштина. На вонредната седница во 2008 година, на која присуствуваа 107 од вкупно 120 пратеници, Собранието на Косово едногласно го прогласи Косово за независна, суверена и демократска држава.
Декларацијата за независност на Косово беше едногласно одобрена од 107 пратеници присутни во собраниската сала во Приштина. Единаесет пратеници кои го претставуваат српското малцинство ја бојкотираа процедурата за гласање. Девет претставници на другите етнички малцинства беа дел од кворумот.
„Ние, лидерите на нашиот народ, демократски избрани, преку оваа Декларација го прогласуваме Косово за независна и суверена држава. Оваа објава ја одразува волјата на нашиот народ и е во целосна согласност со препораките на специјалниот пратеник на Обединетите нации, Марти Ахтисари и неговиот сеопфатен предлог за решавање на статусот на Косово.“, гласеше Свечената Декларација за независност што ја прочита тогашниот премиер на Косово, Хашим Тачи, во присуство на пратениците на Собранието на Косово и претседателот на Косово.
Д. Т. / Цивил Медиа