ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Шест лица под истрага за Трговија со луѓе

February 17, 2025 15:37
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „Трговија со луѓе“. Уште четири лица се под истрага за овој случај, и за нив е определена мерка притвор, која за двајца ќе почне да се применува откако ќе бидат пронајдени.

Како што информира денеска Републичкото јавно обвинителство, предметот бил оформен во ОЈО Тетово во ноември минатата година, кога на првоосомничениот му била изречена мерка притвор поради семејно насилство, а по преземените дејствија е утврдено дека станува збор за кривично дело „Трговија со луѓе“. По ова тој е препратен на надлежност во Основното јавно обвинителство. Врз основа на сознанијата и обезбедените докази донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против шестмина осомничени за кривично дело „Трговија со луѓе“.

-Првоосомничениот во текот на деветгодишна брачна заедница со жртвата, ја злоупотребил својата положба и со својата сопруга постапувал на особено понижувачки и суров начин, воспоставувајќи целосна контрола врз неа. Тој, со употреба на сила и сериозна закана, извршувал физичко и психичко насилство над неа, континуирано нанесувајќи ѝ телесни повреди и заканувајќи се по нејзиниот живот и животите на членовите на нејзиното семејство, по што започнал да ја принудува на сексуална експлоатација по пат на проституција заради стекнување на парична корист и наркотична дрога. Претставувајќи ја како своја пријателка, првоосомничениот, во периодот од септември 2023 година до 20 ноември 2024 година, во повеќе наврати ја принудил својата сопруга да дава сексуални услуги во угостителски објекти во Тетово и Гостивар, во нивниот семеен дом, како и во семејните куќи на корисниците на сексуалните услуги, информираат од Обвинителството.

Тој стапувал во контакт со останатите осомничени – корисници на услугите, го договарал местото, како и надокнадата која била во пари или соодветна грамажа на наркотична дрога – кокаин. Додека жртвата била со корисниците, првоосомничениот имал целосна контрола, следејќи ја понекогаш и преку видео повик, а потоа откако ќе му ги дадела парите или дрогата, ја претепувал, ја горел со цигари и ѝ нанесувал тешки повреди од кои со денови се опоравувала.

Во однос на определување на мерки за обезбедување на присуство, јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција имајќи ги предвид околностите и тежината на стореното дело на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложил определување мерка притвор за четворица осомничени, додека двајца веќе се наоѓаат во притвор. Судијата го прифати предлогот и определи мерка притвор за сите лица, која мерка за двајца осомничени ќе се применува по нивно пронаоѓање.

За кривичното дело што му се става на товар на првообвинетиот, согласно Кривичниот законик запретена е казна затвор во траење од најмалку четири години, додека за корисниците на сексусалните услуги е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.

Next Post
Фото: Скриншот

Измамници во DOGE кошули и капи MAGA влегле во градското собрание на Сан Франциско барајќи досиеја, побегнале кога бил повикан шерифот

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk