ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Европскиот парламент бара да се отстранат мерките на ЕУ за Косово; Што е причината зад дигиталниот хаос на изборите во Косово; СПАК ќе истражува изборен криминал, Рама е против; ЕУ бара политичко немешање во специјалното обвинителство

February 20, 2025 12:47
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Европскиот парламент денеска на дневен  ред и нацрт извештајот за Косово, во кој се бара отстранување на мерките воспоставени од ЕУ, известуваат косовските медиуми.

Во Албанија, СПАК најави истраги за изборен криминал, за што албанскиот премиер Еди Рама се спротивстави со тврдење дека не може да има истраги на партиите за време на изборна кампања. Во меѓувреме, од ЕУ порачуваат дека не смее да има политичко мешање о работата на СПАК.

Во денешното издание на АЛ-Прес одбравме колумна од косовскиот автор и аналилитчар, Енвер Робели, во која се осврнува на Минхенската безбедносна конференција и реакциите на европските политичари по неа.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

Бота Сот: Европскиот парламент бара ЕУ да ги отстрани мерките за Косово, нацрт-извештајот денеска на дневен ред на Комитетот за надворешна политика

Нацрт-извештајот на Европскиот парламент, чиј автор е Рихо Терас, известувач за Косово, бара од Европската унија да ги отстрани мерките против Косово, кои беа наметнати во јуни 2023 година, пренесе Бота Сот.

На веб-страницата на Европскиот парламент, соопштено е дека овој нацрт-извештај денеска е на дневен ред на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент.

Откако нацртот ќе биде изменет, овој извештај мора да биде одобрен во оваа комисија и потоа да се стави на гласање во Европскиот парламент.

Телеграфи: Дигиталниот хаос зад изборите во Косово

Наводните сајбер напади на веб-страницата на Централната изборна комисија на Косово имале за цел да ја нарушат довербата во косовските институции, да поттикнат немири и да создадат политички хаос, оценува професорот по безбедносни науки на Косово, Авни Ислами.

„Самите граѓани на Косово избегнаа да ја реализираат таа цел, да не станат плен на мешање и дезинформации“, посочи Ислами.

Вршителот на должноста вицепремиер на Косово, Бесник Бислими, алармираше на 18 февруари, велејќи дека безбедноста на државата Косово е доведена во опасност преку лажни вести и сајбер напади на веб-страницата на ЦИК, како за време на предизборната кампања, така и на денот на изборите, на 9 февруари.

Истиот ден за мешање во изборите зборуваше и германскиот амбасадор во Приштина, Јорн Рохде, кој прстот го впери кон Србија, пренесе Телеграфи.

ТВ 21: Пребројани се над 92 отсто од гласовите за кандидатите за пратеници

Процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници е при крај.

Според податоците на општинските пребројувачки места, до 19 февруари се преброени 92,73 отсто од избирачките места, што опфаќа 2.349 од вкупно 2.533 избирачки места.

„Според податоците добиени од општинските пребројувачки центри, во кои продолжува или е завршен процесот на пребројување на гласовите на кандидатите за пратеници од Изборите за Собранието на Косово, до 19 февруари 2025 година, 92,73% од избирачките места или 2.349 се пребројани на огласот ИК од 2,пренесе ТВ 21.

Процесот на броење е завршен во 31 општина, а продолжува во општинските пребројувачки центри во 7 други општини: Лепосавиќ, Пеја, Подујево, Приштина, Призрен, Феризај и Звечан.

АЛБАНИЈА

Шекули: СПАК и Обвинителството на Тирана ќе истражуваат изборен криминал, Рама е против: Веруваме дека е грешка, политичките партии не можат да се следат во текот на кампањата

Политичките партии не можат да бидат следени за време на изборната кампања“, изјави премиерот Еди Рама еден ден откако СПАК и Обвинителството на Тирана најавија формирање на посебни оддели „за истрага на кривични дела кои влијаат на слободните избори“.

Не можеме да се вратиме во црните времиња за да се следи кој и да се занимава со политика“, потенцираше премиерот утрово во живата комуникација со граѓаните преку „Фејсбук“. Тој побара да престанат ваквите проверки на терен, пренесе Шекули.

Ора њуз: ЕУ со реакции на нападите врз обвинителите: Работата на СПАК да се одвива без политичко мешање

Делегацијата на Европската Унија ја истакна важноста на независноста на Специјалниот обвинител против корупција и организиран криминал (СПАК), како клучен елемент за зајакнување на владеењето на правото во Албанија.

Во реакцијата, Делегацијата на ЕУ нагласува дека истрагите и кривичното гонење на СПАК мора да се спроведуваат без политичко мешање или неправеден притисок, со што се поддржува независноста на оваа институција во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Пренесе Ора Њуз.

КОЛУМНА

Коха: Минхенски грмотевици

„Сепак, по Минхенската безбедносна конференција, Европа се разбуди во нов свет. Шокот бил толку голем што европски дипломат рекол: „Сите треба да одат на терапија“.

Но, покрај драматичните тонови, треба да се забележи дека САД ниту го спомнаа повлекувањето на американските трупи од Европа, ниту ја доведуваа во прашање одбраната на Европа со своето нуклеарно оружје. Иако којзнае што може да се случи. Европа (и светот) сега е тивка, само кога истакнатиот жител на Белата куќа ќе се измори од потпишување декрети и ќе заспие.

За Европа сега е голем предизвик што во разговорите за Украина Европејците нема да играат централна улога. Трамп и Путин сакаат да бидат на голема маса. Како што истакна еден германски весник, многу Европејци сега, по 80 години пријателство со САД, се чувствуваат како бескорисни робови. Со децении, Европејците живеат во илузија дека безбедноста и благосостојбата се засекогаш гарантирани од САД.

По 80 години под американскиот заштитен чадор, викендов Европејците се разбудија од длабокиот сон. Имаше и други американски претседатели кои се обидоа да ги разбудат Европејците од сон (Барак Обама, Џо Бајден). Доналд Трамп го прави тоа на свој начин.“, пишува Авторот Енвер Робели во колумната „Минхенски грмотевици“, објавена во дневникот Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Пицула: На Србија и недостасува реален напредок кон ЕУ

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk