v
Во Рио де Жанеиро вчера се измерени приближно 40 степени Целзиусови, а во западниот дел на градот регистрирани се 44 степени, што е највисока температура од 2014 година.
Вчера беше најтоплиот ден оваа лето во Бразил.
Цивилната одбрана издаде предупредување до жителите на Рио де Жанеиро и туристите, советувајќи ги да преземат мерки на претпазливост во екстремни услови.
Градските власти соопштија дека е достигнато четвртото ниво на предупредување за топлина, а петто е максималното ниво. Како одговор на високите температури, во градот се отворени голем број пунктови за ладење и хидратација.