Арапските лидери треба да се сретнат денеска во Саудиска Арабија за првпат за да формулираат одговор на планот на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја преземат сопственоста на Газа, да го протераат нејзиното палестинско население и да ја претворат во блискоисточна „ривиера“, пренесе Си-Ен-Ен.
Првично најавен од Египет на почетокот на февруари како „итен самит“, собирот ќе се одржи пет недели откако Трамп првпат го изнесе својот план, покажувајќи ја борбата меѓу арапските држави да направат унифициран став.
Состанокот – вклучувајќи ги Египет, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Катар и другите арапски земји од Заливот – ќе се одржи пред поголемиот арапски самит на 4 март, соопштија Саудиска Арабија. Се очекува да следи состанок на исламските земји, соопшти египетското Министерство за надворешни работи.
Д. Т. / Цивил Медиа