ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Засилените контроли на полицијата за 30 отсто ги намалија сообраќајните несреќи, нагласи Тошковски

February 21, 2025 15:49
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Со десет дена засилените сообраќајни контроли и зголемени број на регистрирани прекршоци за овој период од почетокот на годината досега, реално е намален бројот на сообраќајните незгоди за 30 отсто и сообраќајните незгоди со жртви за 60 отсто, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Очекува дека постојаноста на системот „Безбеден град“, кој официјално би требало да се воведе од 1 јануари 2026 година, значително да ги намали тие бројки.

-Совесните граѓани, оние кои сакаат да го почитуваат законот, кога знаат дека има засилени контроли, дека постои одредена алатка или да речеме, зголемени полициски контроли физички на лице место, внимаваат како возат и поради констатацијата на фактот дека можат да бидат казнети, бројот на сообраќајни несреќи е намален речиси за 30 отсто, бројот на тешки телесни повреди како последица на сообраќајни незгоди е намален за 60 отсто, рече министерот на денешната јавна трибина за „Безбеден град“.

Анализата од десетте дена засилена сообраќајна контрола, додаде Тошковски, покажала дека се констатирани 3965 прекршоци на територија на СВР Скопје, од кои најголем дел 80-90 отсто се сторени од страна на управувачи на моторни возила. Лани имало 2023 прекршоци.

-1474 околу 37 проценти се последица на управување на возила со брзина поголема од дозволената. Зборуваме за градски средини. Најголемиот фокус беа црните точки на булеварите во Скопје. 882 прекршоци односно 22 проценти се прекршоци за запирање или паркирање на место коешто ја загрозува безбедноста. И би сакал уште една бројка да ја истакнам – 235 прекршоци се сторени од луѓе кои никогаш во живот немаат положено за да управуваат со моторно возило, рече меѓудругото Тошковски.

Министерот Тошковски на дебатата истакна дека со системскиот пристап работната група утврдила дека се потребни промени во пет законски решенија за овој проект квалитетно да профункционира и тоа за Законот за безбедност на патиштата, Законот за прекршоци, Законот за возила, Кривичниот закон и Законот за извршување на санкции. Сите тие, смета тој, се клучни закони кои треба да претрпат измени за да создадеме функционално системско решение.

До крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието. Имплементацијата на системот „Безбеден град“ официјално треба да стартува од 1 јануари 2026 година. Засилените контроли на полицијата и натаму ќе има.

Tags: засилениконтролиполиција
Next Post

Побрз проток на патници и единствена контрола за влез бенефити од системот „One Stop Shop“, кој се имплементира на Блаце

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk