Американското Министерство за правда им порача на своите вработени засега да го игнорираат барањето на Одделението за владина ефикасност (DOGE), кое го предводи милијардерот Илон Маск, во кое се бара од нив да ги наведат задачите што ги сработиле претходната недела, пренесува „Фокс њуз“.
„Министерството за одбрана е одговорно за преглед на учинокот на својот персонал и секоја ревизија ќе ја спроведе во согласност со сопствените процедури доколку е потребно. Одделението ќе ги координира одговорите на е-поштата што ја добивте од ОПМ. Засега, паузирајте го секој одговор“, им рече на вработените Дарин Селник, в.д. заменик – министер за правда.
Директорот на ФБИ Кеш Пател и Џон Дурам, главниот федерален обвинител во источниот округ на Њујорк, исто така испратија порака до својот персонал да почекаат со испраќањето одговори за нивната работа.
Маск завчера соопшти дека федералните вработени ќе добијат меил со прашањето „што сработиле минатата недела“ и дека ако не одговорат на тоа прашање тоа ќе се сфати „како оставка“.
„Во согласност со инструкциите на претседателот на САД, Доналд Трамп, сите федерални вработени наскоро ќе добијат меил со барање да објаснат што сработиле минатата недела“, напиша Маск на мрежата Икс.