ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пропадна ли договорот „Рама- Мелони“ за миграција?

February 24, 2025 13:17
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ

Една година откако албанскиот парламент го одобри контроверзниот договор за миграција со Италија, двата прифатни центри поставени во Шенѓин и Ѓадер се целосно празни. Што ќе се случи со нив?

Во Ѓадер и Шенѓин се е нормализирано. Една година откако албанскиот парламент гласаше за контроверзниот договор за миграција со Италија, во новоформираните центри во Ѓадер и Шенѓин не може да се најде ниту еден имигрант, пишуваат албанските медиуми. 

Од стапувањето во сила на договорот, преку три различни групи во Албанија се испратени над 70 имигранти, главно од Африка и Јужна Азија.

Првиот брод со 16 имигранти пристигна во Шенѓин на 16 октомври минатата година. Сите беа вратени назад неколку часа подоцна, откако Апелациониот суд во Рим пресуди дека депортацијата во Албанија е нелегална, а нивната репатријација во нивните земји на потекло го прекршува меѓународното право за заштита.

По првата следеа уште две групи мигранти: група од 8 лица пристигнаа на албанскиот брег на 8 ноември 2024 година, а третата и последна, досега, пристигна на 28 јануари годинава, со 49 мигранти на бродот.

Дури и во двата подоцнежни случаи, Апелациониот суд во Рим одлучи дека емигрантите не можат да останат во Албанија додека Европскиот суд на правдата во Луксембург не се изјасни со одлука дали земјите на потекло на овие емигранти се сметаат за безбедни за нивна репатријација. Оваа одлука се очекува да биде донесена на 25 февруари.

Во меѓувреме, италијанските функционери и експерти од здруженијата кои ја следеа ситуацијата во двата албански табора ја напуштија земјата „до понатамошно известување“.

73-те имигранти префрлени во Албанија илегално пристигнале во Италија по море и почнале да транзитираат од Либија. Според Фери, „тие биле многу исплашени дека би можеле да се вратат во нивните земји на потекло“.

„Запознавме луѓе кои беа исплашени и дезориентирани“, рече тој. „Тие не беа запознаени со процедурите, не беа соодветно подготвени да поднесат барање за азил и беа во самица. Нивната ситуација јасно покажува како италијанскиот модел во Албанија предизвикува системски прекршувања на правата“.

Според порталот „Инфомигранти“, италијанската влада веќе размислува за реструктуирање на овие центри. Една можност што се разгледува е трансформација на овие центри во „центри за репатријација“. Но, се чини дека и овој план ќе наиде на противење.

И покрај напорите на двете влади договорот да биде функционален, многу експерти и претставници на италијанската опозиција се против него уште од првиот ден. Тие го сметаат овој проект како кршење на човековите права и губење на средства, бидејќи италијанската страна досега потрошила околу 1 милијарда евра.

Пред неколку дена, европскиот комесар за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, се сретна со Џорџија Мелони во Рим, каде што разговараа за „скоро усвојување на време на нов концепт за безбедни места на потекло“.

Пред патувањето во Италија, Брунер изјави за италијанските медиуми дека правниот пакет за репатријации на мигранти, кој го проучува Европската комисија, ќе биде „многу амбициозен и ќе вклучува јасни обврски за репатријации, строги правила за стапки кои ја загрозуваат безбедноста и покоординирана работна рамка на европско ниво“, се наведува во анализата.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: МелонимиграцијаРама
Next Post

ЕУ додаде уште 48 лица и 35 субјекти на листата на санкционирани поради руската агресија врз Украина

НАЈНОВО

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk