По три години отпор на Украина против руската агресија, глобалната борба за демократија, правда, и вистина – никогаш не била поважна и поитна. На 4 март, еминентни меѓународни експерти, креатори на политики, новинари и претставници на граѓанското општество ќе се сретнат на онлајн конференција на тема „Украина и светот: : Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
Конференцијата е во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода (Северна Македонија), Медиа Дијалог и Младите за медиумите (Германија), Нов европски граѓански форум (меѓународна организација), кои се организации основачи на глобалната иницијатива #DefendingDemocracy.
Конференцијата ќе се занимава со клучните прашања за иднината на Украина и поширокиот глобален одговор на војните на агресија и заканите од авторитаризмот, дезинформациите и хибридното војување. Дискусиите ќе ги истакнат позициите на Украина за неопходноста од праведен мир, што подразбира и барање за целосно ослободување на сите окупирани територии од 2014 година, како и непоколебливата поддршка од меѓународната заедница што ѝ е потребна на земјата за победа и долгорочна безбедност.
Главни точки на агендата на конференцијата:
Панел 1: Меѓу капитулацијата и одржливиот мир: Опасноста од додворувањето
Панел 2: Победа над Путин и авторитаризмот: Потрагата по мир, правда и демократија
Панел 3: Дезинформациите како оружје: Борба против дезинформациите и хибридното војување
Конференцијата ќе вклучи водечки имиња во меѓународната политика, медиуми и граѓанско општество, кои ќе ги споделат своите анализи и сознанија за геополитичките, безбедносните и информациските предизвици на нашето време. Говорниците посебно ќе се осврнат на опасностите од политиките на додворување, потребата од разбивање на путинизмот како глобална авторитарна сила, и стратегиите за борба против руските дезинформации.
Настанот ќе се емитува во живо. Работниот јазик на настанот ќе биде англиски.
Преземено: Цивил Меди