ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Центар субвенционира 10.000 денари за возачки испит на сите млади кои во 2025 година ќе наполнат 18 години

February 27, 2025 09:58
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека полагањето возачки испит е задолжително за сите млади лица кои сакаат да управуваат со моторно возило. Тој, посочува дека младите кои сакаат да управуваат со моторно возило мора претходно да стекнат теоретски и практични знаења за безбедно возење, но и да се едуцираат за сообраќајните правила.

„Без едукација од страна на искусни инструктори возењето претставува огромен ризик за возачот, но и за сите учесници во сообраќајот, вклучувајќи ги и пешаците и велосипедистите. Возењето совесно е првиот чекор кон поголема безбедност во сообраќајот. За да ја подигнеме свеста и да ја зголемиме безбедноста, Општина Центар распиша јавен повик со доделување на субвенции во висина од 10 илјади денари за полагање возачки испит на сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година и живеат на подрачјето на општината најмалку една година. Со намалување на ризичното однесување, како што се пребрзото возење, користењето мобилен телефон, управувањето возило под дејство на алкохол и управување на возилото без возачки испит, значително се намалуваат шансите за сообраќајни незгоди“, истакнува Герасимовски.

Тој, вели дека безбедноста во сообраќајот започнува со свесни и одговорни одлуки зад воланот. Совесното возење значи почитување на сообраќајните правила, прилагодување на брзината според условите на патот и покажување внимание кон сите учесници во сообраќајот.

Субвенцијата изнесува 10.000,00 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.

Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи: барање за субвенција, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, доказ за извршена уплата во автошкола и доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар.

Јавниот повик ќе трае сè до исцрпување на средствата предвидени во Буџетот на Општина Центар, односно до 31.12.2025 година.

Tags: возачки испитОпштина Центарсубвенции
Next Post

Одложена наредбата за администрацијата на Трамп да плати 2 милијарди долари странска помош до полноќ

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk