Едно е важно, а тоа се работите што ги правиме со Медиа дијалог веќе десет години, за да дојдеме до факти. Не само да се каже дека ни требаат факти, туку и да се добијат факти, а тоа значи и дека надворешната политика мора повеќе да биде насочена кон новинарите од сите земји, посочи Д-р Волфганг Ресман, претседател на Media Dialogue / Y4M, Германија, на панелот Дезинформацијата како оружје: Спротивставување на дезинформациите и хинридната војна, на меѓународната конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“.
Потребна ни е брза работна новинарска мрежа во сите европски земји, каде доверливите новинари носат извори, кои се докажани и засновани на доверба, бидејќи довербата е основа за демократијата.
Значи, би било одлично ако ги развиеме овие настани, почнувајќи од Скопје, овозможувајќи го овој настан онлајн да има говорници како Лина, да ги собереме заедно, да го искористиме нивното знаење и да ја донесеме нивната доверба во нашиот медиумски систем и да ја донесеме нашата публика низ цела Европа.
Мора да разбереме колку е важен развојот на Европа – дури и за конкретни цени на зеленчукот, мислам дека ова е една од поважните работи што можеме да ги научиме. Времето само на гледање во малите работи наоколу заврши, ова е ставот на десничарските политичари, тоа е ставот да не се решаваат проблемите, туку да се користат проблемите за да се дојде на власт, порачува Ресман.
Д. Т. / Цивил Медиа