ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукаревска: Со предлогот на СДСМ за зголемување на платите 585 милиони евра ќе одат кај работниците

March 5, 2025 10:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма истакна дека СДСМ најави поднесување на ново законско решение, како дел од пакетот мерки подготвени од партијата, кое е резултат на непреземањето ништо од страна на власта за зголемените цени во продажбата, цените за струјата, пад на индустриското производство, немање социјален дијалог, урнисување на животниот стандард.

-Ова не е политичко прашање, тука треба да се обединат власта и опозицијата и да се донесе ова одлично законско решение кое се темели на три постулати: од една страна ќе се зголемат платите на работниците, од друга страна ќе се зголеми ликвидноста на компаниите, ќе помогне и на работодавачите и од трета страна ќе има повеќе средства во буџетот преку реализација на овој закон за ослободување од дел од придонесите за зголемување на платите, нагласи Лукаревска, додавајќи дека законското решение се однесува на околу 400.000 работници.

Лукаревска истакна со зголемување на платите на вработените во износ од 3.000 до 15.000 денари, односно просечно 7.500 денари, за 12 месеци во џебовите на работниците ќе одат 585 милиони евра, а буџетот ќе има прилив од 58,5 милиони евра, од данокот на личен доход од 10%.

-Сите параметри, коишто треба да значат еден вид економска политика, којашто ја слушавме во предизборитето, а сега власта многу тешко ја менаџира, предизвикува да носиме едни вакви законски решенија, но сметам дека не треба ад хок веднаш да бидат отфрлени овие решенија, иако станува збор за решенија носени од опозицијата, напротив треба да разговараме, да дискутираме и ако е нешто добро треба да се прифати во рамки на парламентот. Не знам кои оправданија ќе ги имаат сега колегите од владеачкото мнозинство, како за првите два закони, односно измени во законот за ДДВ коишто ги поднесовме за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5% и 0% ДДВ за прехранбените производи, истакна пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

 

Next Post

Реал го победи Атлетико, Арсенал го прегази ПСВ, Дортмунд и Лил ремизираа во осминафиналето на ЛШ

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk