ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јандроковиќ: Не може да се разговара за мир во Украина без учество на Украинците

March 6, 2025 13:23
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Не може да се разговара за мир во Украина без учество на Украинците бидејќи тоа ја доведува во опасност нивната сувереност и територијален интегритет. Тоа би било силен удар врз меѓународното право и врз светот којшто го градиме од Втората светска војна наваму – истакна претседателот на Саборот на Хрватска,  Гордан Јандроковиќ, во обраќање пред пратениците во македонското Собрание.

Укажа дека светот глобално политички се менува, дека станува се поопасен и на удар се, рече, вредностите, а во контекст на новите околности со војната во Украина, истакна дека „овие денови и над  ЕУ и над НАТО  се надвиснуваат сиви облаци“ и оти „можеби од почетокот на нивното основање, ова е најголемата пресвртница за двете организации“.

-Не знаеме како ќе изгледа нивната иднина и затоа е многу важно да се вложува голем труд, да се воспостави траен светски мир. Последните месеци сведоци сме дека на двете страни од Атлантикот постојат различни визии за тоа како треба да изгледа еден мир. Времето ќе покаже во која мерка е возможно да се воспостави заедничка визија за тој мир. Нам ни е важно тој мир да биде одржлив и праведен, а не да биде неизвесна иднина… Не може да се разговара за мир во Украина без учество на Украинците бидејќи тоа ја доведува во опасност нивната сувереност и територијален интегритет. Тоа би било и силен удар врз меѓународното право и врз светот којшто го градиме од Втората светска војна наваму. Не може да се размрда тој поредок затоа што тоа ќе биде неверојатен преседан којшто ќе создаде нестабилност и којшто ќе значи оправдување на агресија, истакна Јандроковиќ.

Затоа, додаде тој, „нашата заедничка обврска е  да се афирмира меѓународното право, поредокот кој се темели на меѓународно право, а не врз основа на моќта на посилниот“.

-Тоа треба да биде нешто што ќе не обедини – почитување на меѓународното право, почитување на територијалниот интегритет и суверенитет, тоа е во сржта на меѓународните односи и нешто врз што мораме да се потпреме, додаде претседателот на хрватскиот Сабор.

Порача дека се поопасното глобално опкружување потврдува дека е важно да се воспостави  уште поблиска соработка меѓу пријателите.

-Република Северна Македонија и Република Хрватска се тоа. Важно е да продолжиме со соработка на билатерален и мултилатерален план. И тоа е целта на мојата посета. Тоа се случува во важен момент – за три недели се прославува воспоставувањето на нашите дипломатски односи, како и сојузништвото што го остваривме во НАТО. Се надеваме дека нашето партнерство во НАТО ќе биде надградено и со вашето членство во Европската Унија, рече Јандроковиќ во обраќањето во кое се осврна и на економската соработка и пријателските врски меѓу двете земји.

Tags: ЈандроковиќмирУкраина
Next Post

(ВИДЕО) Лукаревска: Власта да обезбеди пари за минималната плата од 500 евра за работниците, недозволиви се нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз Синдикатот

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk