ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Најчевска, Проблематична по повеќе основи е одлуката од Апелација да ја преполови казната на Боки 13

March 6, 2025 12:44
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Апелациониот суд значително да ја намали затворската казна на Бојан Јовановски – Боки 13, кој во 2020 година беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет/Поткуп“ за „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари и други приноси“, предизвика реакции во стручната и пошироката јавност.

„Според мое мислење ваквото преиначување на пресудата е проблематично по повеќе основи“, вели професорката Мирјана Најчевска за Рацин.мк.

Како прво, како проблематичен таа го наведува основот за преиначување од чл. 447 „кога по правосилноста на пресудата ќе се јават околности што ги немало кога се изрекувала пресудата или не биле познати иако постоеле, а тие очигледно би довеле до поблага осуда“

„Имено, здравствените проблеми на осудениот се спомнуваа во повеќе наврати во текот на постапката и судот очигледно решил да не ги земи предвид. Значи тешко може да се прифати дека станува збор за околности кои ги немало или не му биле познати на судот“, коментира Најчевска навратувајќи се на постапката која што се водеше за овој слулај во 2020 година.

Најчевска вели дека „здравствената состојба не е нешто кое судот го зема предвид при одмерување на казната“. Во спротивно, истакнува таа, „сите хронично болни убијци, силувачи, насилници би добиле полесни казни, што би претставувало дискриминација врз основа на здравствена состојба.

„Во затворите во Македонија има многу затвореници со дијабет, висок притисок, срцеви заболувања, како и многу стари затвореници, кои примаат редовна терапија. Затворот треба да обезбеди соодветни услови за издржување на казната затвор за овој вид затвореници, а не да им се намалува казната“, укажува д-р Мирјана Најчевска.

Таа го коментира и делот од одлуката на Апелациониот суд за преиначување на пресудата дека намалената казна “доволно воспитно ќе се влијае врз осудениот, во иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела“.

„Овој заклучок е спротивен на фактот дека во време кога осудениот бил надвор од затвор на домашно лекување тој  бил дел од нелегална активност која била откриена од страна на УЈП“, потсетува Најчевска.

За Најчевска проблематично е тврдењето за исклучително тешката здравствена состојба и потребата од постојано домашно лечење ако се има предвид снимањето на музички спот во период кога осудениот би требало да се наоѓа во затвор.

„На ваков начин се дезавуира правото, се промовира дискриминација врз основа на имотна состојба (која му овозможува да го затрупа судот со голем број лекарски “мислења“) и се отвора врата за неказнивост“, истакнува д-р Мирјана Најчевска во одговорот за Рацин.мк да ја толкува одлуката на Апелација за речиси за половина да ја намали затворската казна на која беше осуден Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, во предметот „Рекет/Поткуп“ кога  беше прогласен за виновен и доби казна затвор од девет години за кривични дела „примање награда за противзаконито влијание“ и „перење пари и други приноси“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Боки 13Најчевска
Next Post
Древните човечки предци користеле коски од слон и нилски коњ за да создадат алатки пред 1,5 милиони години. Фото: CSIC

Археолози открија алатки од коски стари 1,5 милиони години

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk