ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Безбедноста, Украина, Блискиот Исток и миграцијата главни теми на мартовската сесија на Европарламентот

March 10, 2025 09:32
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската безбедност, поддршката за Украина, состојбата во Газа и Сирија и депортирањето на илегалните мигранти ќе бидат некои од темите за кои ќе дебатираат европратениците за време на овонеделното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Мартовското заседание на ЕП ќе почне до дебати за Поддршка на најранливите региони на ЕУ во справувањето со разорните последици од климатските промени, за Планот на Европската комисија за намалување на бирократијата и поедноставување на бирократските процедури, како и за создавање на фонд за реформи и раст за Молдавија, за чие воспоставување европратениците треба да гласаат утре.

Утрешното продолжение на заседанието ќе започне со клучната дебата на овонеделната сесија посветена на безбедноста на Европа. Во рамки на расправата, европратениците ќе дебатираат со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кои ќе ги презентираатрезултатите од специјалниот Самит на ЕУ посветен на поддршката на Украина и безбедноста на Европа, што се одржа во четвртокот. Во рамки на дебата се очекува фокусот да биде ставен на потребата од зајакнување на безбедносната архитектура на Европа, а ќе стане збор и за подготовките на претстојниот редовен мартовски Самит на ЕУ, на кои една од главните теми ќе биде и европската одбрана.

Одбранбените прашања ќе бидат тема и на попладневната дебата на европратениците со претставници на Советот и Еврокомисијата, посветена на „Белата книга“ за иднината на европската одбрана. Од оваа дебата треба да произлезе резолуција по која европратениците ќе гласаат в среда.

Инаку, попладневното заседание ќе започне со дебата за Патоказот за правата на жените што во петокот го промовираше еврокомесарката за еднаквост Хаџа Лабиб. Пред оваа дебата ќе се одржи и свеченост по повод Меѓународниот ден на жената на која пред европратениците ќе се обратат лидерката на белоруската демократска опозиција Свјатлана Циханускаја, како и три активистки за слобода, мир и правда од Белорусија и Украина.

Седницата ќе продолжи со дебата за Иницијативата за олеснување на постапката за „враќање на државјаните на трети земји кои немаат право да останат во ЕУ“, што Европската комисија треба да ја претстави утре.

Во продолжение европратениците ќе расправаат и за Предлог-регулативата за критични лекови, чија цел е надминување на проблемот со недостиг на некои лекови и медицински помагала и намалување на зависноста на ЕУ од медикаменти од странство, како и за Договорот за чиста индустрија, што го предложи Еврокомисијата.

За крајот на утрешниот ден од пленарната седница на ЕП се предвидени дебатите за влошената ситуација во Газа и за потребата од поддршка од ЕУ за праведна транзиција и обнова на Сирија.

В среда заседанието ќе започне со расправи за економските планови и за политиките за вработување и социјална заштита за 2025 година, во чии рамки европратениците ќе дебатираат со претставници на Советот и Комисијата за економските и социјалните приоритети на Унијата. Врз основа на дебатата ќе бидат изработени две резолуции, по кои европратениците ќе се изјаснат по расправата.

Во Европа постепено почнува производството на автомобили, по повеќенеделниот прекин на производството поради епидемијата на новиот коронавирус

Во продолжение пратениците ќе разменат мислење со претставници на ЕК за Акцискиот план за автомобилската индустрија. За резолуцијата од оваа расправа ќе се гласа на априлското заседание на ЕП.

Попладневната сесија в среда ќе продолжи со тематски дебати посветени на предлозите презентирани во првите сто дена од работата на Еврокомисијата, поврзани со одбраната, конкурентноста, административното поедноставување, миграцијата и со подобрување на можностите за студирање, обука и работа во ЕУ.

Во продолжение европратениците во одвоени дебати ќе расправаат за можностите за искористување на замрзнатите руски средства за помош на Украина, за интензивирање на напорите за постепеното исфрлање од употреба на гасот и другите енергенси по потекло од Русија, како и за „Непоколеблива поддршка од ЕУ за Украина“. Од поседната дебата треба да произлезе Резолуција со која европратениците ќе бараат од ЕУ „цврсто да ја поддржи Украина“ по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за суспензија на воената помош за земјата.

На дневниот ред на попладневната сесија в среда се и дебатите за потребата за заштита на работните места и правата на работниците во ЕУ, за Предлог-регулативата за родителство, за заштита на потрошувачите, за прекршувањето на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Тајланд, за политичката и хуманитарна криза во Судан, со посебен акцент на сексуалното насилство и силувањето на деца, како и за незаконското притворање и монтираните судски процеси против Ерменци од Нагорно-Карабах од страна на Азербејџан.

На последниот ден од мартовската сесија на Европарламентот, в четврток, пратеници ќе расправаат за Визијата на ЕУ за земјоделството и храната, за Акцискиот план за достапна енергија и за зајакнување на потенцијалот на образованието преку поттикнување на иновации, поинтензивна студентска размена и поголема инклузивност.

Next Post

Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош

НАЈНОВО

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk