ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европарламентот го одобри новиот план за поддршка на Молдавија

March 11, 2025 15:10
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, СВЕТ

Европскиот парламент денеска даде зелено светло за новиот план за поддршка за Молдавија, со кој се предвидува создавање на Инструмент за реформи и раст на земјата вреден 1,9 милијарди евра, наменети за забрзување на социо-економските реформи, зајакнување на отпорноста и унапредување на интеграцијата во ЕУ.

За одобрување на планот гласаа 499 европратеници, 117 беа против, а 44 се воздржаа од гласање.

Целта на Инструментот е да и помогне на Молдавија во справување со главните предизвици со кои се соочува, пред се со последиците од руската агресија врз Украина врз безбедноста, економијата и населението на земјата, како и за зајакнување отпорноста кон хибридните напади и мешањето од страна на Русија насочени кон нејзините демократски процеси и институции.

Од вкупната сума од 1,9 милијарди евра, што треба да биде исплатена до 2027 година, 520 милиони евра ќе бидат во форма на грантови, а останатите речиси 1,5 милијарди евра како позајмици под поволни услови, со што ќе и се овозможи на Молдавија да ги спроведува неопходните реформа без да акумулира неодржлив долг.

Како дел од помошта, слично како и во случајот со Планот за раст на Западниот Балкан, предвидени се и средства за предфинансирање во износ од 18 отсто од вкупно предвидената сума, првенствено наменети за зајакнување на енергетската безбедност, институциите за борба против корупцијата и за модернизацијата на јавните услуги.

Со планот се предвидува и 20 проценти од грантовите бидат искористени за дигитализација на молдавските институции, за обука на државните служби и за реформи во правосудството.

Предуслов за исплата на средствата е Молдавија да ги имплементира предвидените реформи со утврденото темпо, за што ќе биде спроведен и засилен надзор. Во тие рамки се предвидува воспоставување на дијалог меѓу Европарламентот и Еврокомисијата за редовен преглед на напредокот во спроведувањето на реформите.

Пред да стапи во сила, планот треба да биде одобрен и од Советот на ЕУ.

Инструментот за реформи и раст на Молдавија, чија цел е удвојување на обемот на нејзината економија во рок од една деценија и обезбедување социо-економската стабилност, е моделиран по примерот на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан, во чии рамки Северна Македонија до 2027 години треба да добие 750,4 милиони евра.

Tags: ЕвропарламентМолдавијаподдршка
Next Post
Фото: МИА

Собранието изгласа недоверба на Весна Дамева

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

August 17, 2025

Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

August 17, 2025

Пожарот во „Јасен“, сè уште не е скротен, активни се и пожарите кај Лојане и Табановце

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Клучни заклучоци од самитот на Трамп и Путин во Алјаска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европратеници бараат ЕК да реагира на протестите и насилството во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk