ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се разгледуваат можностите Скопје и Прага да се поврзат со авиолинија и да има нова авиолинија Охрид – Карлови Вари

March 11, 2025 09:54
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Фото: Министерство за транспорт

Фото: Министерство за транспорт

Share on FacebookShare on Twitter

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување нови авиолинии, биле тема на разговорите меѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржала во Прага.

Како што соопштија од Министерството за транспорт, вицепремиерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во земјава и дека се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.

Тој на средбата ги презентирал можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.

– На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи, се наведува во соопштението.

Вицепремиерот Николоски на средбата ги истакнал и потенцијалите на аеродромот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува Охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа била разгледана и можноста за воспоставување на  нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.

Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска остварил средба и со претставници на автомобилската компанија „Шкода“ на која се разговарало за идна сорботка.

Вицепремиерот Александар Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленарната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република.

Next Post

Брнабиќ ги повикува студентите во блокада да не користат насилство и да не заземаат институции

НАЈНОВО

Фото: ЕПА/МИА

Калас: Русија се обидува да ги блокира спроведувањето на санкциите од САД со план за Украина

November 21, 2025

Зеленски: „Украина е пред најтешкиот избор – достоинство или губење на клучен партнер“

November 21, 2025

УНИЦЕФ: Од почетокот на прекинот на огнот во Газа убиени се 67 деца

November 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Дуа Липа снимена во бикини покрај базен во Рио де Жанеиро

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Персоналот на Меган Маркл мора да ја најавува со целата титула кога влегува во просторија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Која е Фатима Бош, новата Мис Универзум што ја разниша сцената?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обилни дождови ја погодија Грција: Поплави и големи штети на Крф и во Јанина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk