Според официјалните податоци, 40 лица загинаа, а 119 се повредени во пожар што избувна во швајцарскиот бар за Нова Година во познатиот скијачки центар Кран-Монтана во југозападна Швајцарија.
Пожарот избувна во барот „Ле Констелашн“ во 1:30 часот наутро. Властите потврдија дека во барот имало луѓе од различни националности. Регионалниот главен обвинител изјави дека властите го третираат инцидентот како подметнат пожар и дека е исклучена можноста за напад.
Повеќе од 20 млади лица се наоѓаат во критична здравствена состојба по тешки изгореници и се хоспитализирани во универзитетската болница во Лозана, соопштија швајцарските власти.
Според официјалните информации, 22 млади пациенти се лекуваат во интензивна нега, а процентот на изгореници на нивните тела се движи од 15 до 70 проценти. Главниот лекар, д-р Антони де Буис Росинг, изјави дека изгорениците се сметаат за тешки доколку зафаќаат повеќе од 10 проценти од телото кај деца или над 20 проценти кај возрасни лица.
„Факт е дека нивните животи ќе останат загрозени во текот на целиот престој на одделите за интензивна нега, особено во првите денови од хоспитализацијата“, изјави Клер Шарме, директорка на болницата во Лозана.
Таа додаде дека се очекуваат долготрајни болнички третмани, при што состојбата на пациентите ќе остане сериозна и неизвесна подолг временски период.
Претходно денеска беше соопштено дека четири пациенти се сместени на интензивна нега во болничкиот центар во Сион, додека двајца пациенти се хоспитализирани во болницата во Горен Вале.
Пожарот започнал од прскалки на шишиња шампањ, потврди обвинителството
Истрагата покажува дека пожарот најверојатно бил предизвикан од прскалки (sparkling candles) поставени на шишиња шампањ, кои биле придвижени премногу блиску до таванот, соопштија швајцарските власти, пренесува Би-Би-Си.
Обвинителката на кантонот Вале, Беатрис Пилу, на прес-конференција изјави дека „сè укажува“ оти токму тие прскалки биле иницијалната причина за пожарот, кој, според неа, се проширил исклучително брзо.
Снимка што покажува како пожарот се проширил низ изолацијата на таванот
La peur du feu est ancestrale, viscérale. Comment en sommes-nous arrivés à un tel degré d’effondrement anthropologique ? #CransMontana pic.twitter.com/JxoCqoVbgE
— Philippe Herlin (@philippeherlin) January 2, 2026
119 повредени, идентификувани 113 лица
Полицискиот командант Фредерик Гислер потврди дека 113 од вкупно 119 повредени лица се формално идентификувани, додека процесот на идентификација за уште шест лица сè уште трае.
Според досегашните податоци, меѓу повредените има:
71 швајцарски државјанин, 14 француски, 11 италијански, четири српски, еден државјанин на Босна и Херцеговина, еден белгиски, еден од Луксембург, еден полски и еден португалски државјанин. За 14 лица националноста засега е непозната, а властите предупредуваат дека бројките може да се менуваат.
Идентификацијата на загинатите е апсолутен приоритет
Шефот на Швајцарската судска полиција, Пјер-Антоан Ланжен, изјави дека идентификацијата на загинатите е апсолутен приоритет и дека во процесот се вклучени речиси сите кантонални полициски служби.
„Не смеат да се дозволат грешки. Мораме на семејствата да им ги вратиме точните посмртни останки“, истакна Ланжен.
Тој појасни дека властите ја активирале и специјалната структура Disaster Victim Identification (DVI), која обединува полиција, форензичари, лекари и стоматолози, а која била користена и во 2004 година.
Проблеми со евакуацијата
Се чини дека има проблем со излезите за итни случаи на барот, изјави за Скај њуз професорот Ед Галеа, основач и директор на Групата за противпожарна инженерство на Универзитетот во Гринич.
Иако властите изјавија дека има два излеза за итни случаи, не е јасно дали ова значи два пата за бегство од самиот подрум или само од приземјето, рече тој.
Тој рече дека е исто така „доста загрижен“ што скалите прикажани на некои од снимките не биле затворени за да ги заштитат луѓето што бегаат по нив.
Crans-Montana, Suisse.
La nuit du Nouvel An, sur cette station alpine huppée, a tourné au cauchemar. Environ 40 personnes ont perdu la vie et plus de 115 ont été grièvement brûlées dans l’incendie du bar Le Constellation.
Selon des témoins, des serveuses apportaient du champagne… pic.twitter.com/LKBcE6K3Ct— LMS Radio, La Musique Star 🇨🇵 🎗 (@LAMUSIQUESTAR) January 2, 2026
Необјаснети околности
„Колку што знам, сите жртви биле пронајдени во подрумот, што значи дека не можеле да го напуштат тој простор“, рече тој.
Доколку имало втор излез од подрумот, додаде тој, тоа покренува голем број прашања. „Дали излезот бил прооден? Дали бил блокиран? Дали бил заклучен? Дали бил блокиран?“
Тој, исто така, изрази сомнежи за соодветноста на акустичната изолација инсталирана на таванот. „Се чини дека прскалките го запалиле пожарот, но се прашувам од каков материјал бил на таванот?“
„Искрите од прскалките го запалија тој материјал и пожарот се прошири многу, многу брзо, па не можам да верувам дека тој материјал би ги исполнил некои противпожарни прописи.“
Процесот трае, со меѓународна соработка
Полицискиот командант Гислер повтори дека формалната идентификација на 40-те жртви продолжува, нагласувајќи дека иако Швајцарија располага со потребните ресурси и специјалистичка поддршка, станува збор за сложен процес што бара време и координација со повеќе држави.
Властите најавуваат дека јавноста ќе биде информирана со дополнителни официјални информации како што истрагата напредува.
Редакција Фронтлајн





