Каминот отсекогаш давал чувство на топлина и пријатна атмосфера, па не е изненадување што многумина кои немаат вистински камин се свртуваат кон Јутјуб видеа со оган во камин како замена. Станува збор за долги видеоснимки од оган со дрва, кои се пуштаат на телевизор или екран за да внесат чувство на удобност во дневните и спалните соби, особено во зимскиот период.
Но, еден таков видео-снимок откри дека зад оваа едноставна идеја може да стои и сериозна заработка. Корисникот на социјалната мрежа X (поранешен Твитер), @Jeremybtc, анализирал финансиски податоци поврзани со видеото „Fireplace 10 Hours“ на YouTube и објавил проценка според која видеото, од објавувањето во 2016 година досега, заработило околу 1,248 милиони долари. Во својата објава тој наведува дека авторот на видеото е „обезбеден за цел живот“.
Bro is set for life… pic.twitter.com/srTIYe169v
— Jeremy (@Jeremybtc) January 1, 2026
Објавата предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, при што многумина изразија изненадување дека видео кое прикажува само оган може да донесе толку голема сума пари. Во коментарите се појавија реакции дека станува збор за „лудо висока заработка од едно видео“, како и дека е „неверојатно како вакви едноставни содржини можат да донесат богатство“.
Од Јутјуб појаснуваат дека креаторите најчесто заработуваат преку реклами што се прикажуваат на нивните видеа, вклучувајќи приказни, при што приходот се дели со платформата. Дополнително, постојат и други извори на приходи, како претплатнички модели, но за монетизација неопходно е исполнување на условите на YouTube Partner Program, бидејќи монетизацијата се смета за привилегија наменета за проверени и активни креатори.





