ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рускиот ракетен терор продолжува: 14 загинати, 33 повредени во нападите врз Украина во изминатиот ден

March 12, 2025 10:48
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Телеграм/Серхи Лисак

Фото: Телеграм/Серхи Лисак

Рускиот ракетен терор врз цивилите и цивилната инфраструктура низ Украина не запира и покрај вчерашните американско – украински мировни разговори, во кои Кијив прифати 30 дневно примирје. Во руските напади во текот на изминатиот ден низ Украина загинаа најмалку 14 цивили, а повредени се најмалку 33 , објавија регионалните власти на 12 март.

Како што пренесува Кијив индипендент, меѓу жртвите има деца и сириски членови на екипажот на трговскиот брод во Одеса.

Најмалку едно лице загина, а 10 се повредени за време на руските напади врз Днепропетровската област, објави гувернерот Серхи Лисак.

Серија експлозии беа пријавени во Криви Рих откако Русија изврши ракетен напад врз градот рано на 12 март. Една 47-годишна жена загина, додека други девет лица беа повредени, рече Лисак. Седум од нив се хоспитализирани, а тројца се во тешка состојба. Оштетени се високи згради, административни згради, автобуси, гаражи, автомобили, продавници, училиште.

Русија во текот на ноќта го нападна и регионалниот центар Днипро, при што рани 42-годишен маж, оштетени се 10 куќи, градинка, училиште и други згради, а избувна и пожари низ градот.

Според гувернерот Вадим Филашкин, во руските напади врз Донецката област изминатиот ден загинаа седум лица, а 13 беа повредени.

Ова вклучува три лица загинати и тројца повредени во Сиверск, двајца загинати и двајца повредени во Ривне, еден убиен и двајца повредени во Родинске, еден убиен и уште еден повреден во Покровск, четворица повредени во Костијантинивка и еден повреден во Молочарка, се наведува во соопштението.

Во Херсонската област, две лица загинаа, а седум се повредени, меѓу кои и две деца, според Олександр Прокудин, регионалниот гувернер. Оштетени се три висококатници, осум куќи, гасовод, комунални згради и автомобили.

Во текот на ноќта, Русија го погоди пристаништето во Одеса со балистичка ракета, оштетувајќи ја инфраструктурата и трговскиот брод MJ Pina под знамето на Барбадос, кој товареше пченица за извоз во Алжир, рече гувернерот Олех Кипер.

Загинаа четворица сириски членови на екипажот, на возраст меѓу 18 и 24 години, додека уште еден сириски член на екипажот и еден вработен во украинското пристаниште се повредени. Оштетени се и уште еден брод и магацини за жито.

Еден цивил беше повреден за време на нападите врз заедницата Миропилија во Сумиската област на 11 март, објави регионалната воена администрација.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: руски ракетен терор врз Украинацивилни жртви
Next Post

Трајчулески: Довербата во судството нема да се врати со смена на пет луѓе од Судскиот совет, туку со реформи

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk