ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајчулески: Довербата во судството нема да се врати со смена на пет луѓе од Судскиот совет, туку со реформи

March 12, 2025 10:49
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека главен аргумент посочен за интерпелациите на членовите на Судскиот совет е недовербата, односно малата доверба од 2 или 3 проценти во правосудството.

„И ние потврдуваме дека навистина довербата во правосудството е многу ниска и сите се согласуваме дека се потребни реформи. Меѓутоа потребни се суштински, коренити, темелни реформи, реформи онака како што се предвидени реално од оценската мисија и како што се предвидени во реформската агенда, која беше подготвена од претходната влада и поднесена до Европската комисија од оваа влада и потврдена како една од најдобрите реформски агенди“, рече Трајчулески, додавајќи дека во реформската агенда се содржани пакет на закони поврзани со правосудството кои треба да се донесат и кои треба да обезбедат соодветен систем кој ќе ја врати довербата кај граѓаните.

Трајчулески истакна дека владата за месец и пол од денес троши четвртина од својот мандат, односно една година, а за реформата која владата ја најавуваше, денеска се гледа сосема обратно нешто.

„Денеска гледаме една кулминација, едно крешчендо на една епизода којашто започна пред неколку месеци, а тоа стартуваше со промени, односно партиски упад во делот на второстепените комисии, регулаторните тела, советот за граѓански надзор над следењето на комуникациите и денеска ја гледаме кулминацијата со класичен партиско-политички упад во рамките на правосудството и на овој начин нема да ја вратиме довербата“, нагласи Трајчулески.

Тој повтори дека СДСМ како политичка партија подаде рака, парламентарните политичките партии, фелата, академијата и сите оние кои се стручни да седнат на маса да направат систем кој ќе ја врати довербата во правосудството.

„Денеска е направен сериозен преседан со партиско политички упад во правосудството со кршење на Уставот. И тој преседан, верувајте, утре која било влада ќе го искорсти како воспоставена пракса и мислам дека тоа не е добро за државата. За државата е добро да направиме систем, отпорен на влијанија, било политички, било од поединци, било од бизнис влијанија, кој систем ќе ја гарантира правната држава, ќе го гарантира правото, кое треба да биде над се, над секоја политичка партија, над секој поединец. Само така ние ќе ја вратиме довербата. Нема да ја вратиме довербата доколку пет луѓе смениме од Судскиот совет“, порача пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија

 

Tags: Митко Трајчулески
Next Post

Дали „Manus AI“ е „зора на новата ера“ на вештачката интелигенција?

Најново

Анаис хороскоп, Македонија, Матка

Дневен хороскоп со Анис – 20 април 2026

April 20, 2026

Партијата на Румен Радев, победник на изборите во Бугарија

April 19, 2026

Филипче: СДСМ бара замрзнување на цените и посебни мерки за ранливите категории

April 19, 2026
Фото: Фејсбук на МВР

МВР: Лажни дојави за бомби во два трговски центри во Скопје

April 19, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски: Според ММФ, Македонија е трета во Европа по преземени мерки против ценовните шокови

April 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk