ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На тројца од петмината членови на Судскиот совет на кои Собранието им изгласа недоверба мандатот им завршува до крајот на годинава, на еден следната и еден во 2027

March 13, 2025 12:22
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Шестгодишниот мандат на тројца од петмината членови на Судскиот совет на кои Собранието им изгласа недоверба им завршува до крајот на годинава, на еден следната 2026 и еден во 2027 година.

Собранието на седница на 11 март годинава изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет избрани во Собранието – Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа.

На тројца членови на Советот мандатот им истекува годинава. Најрано завршува мандатот на двајца кои се бираат по предлог на претседателот на државата.  Во јули годинава завршува мандатот на Миљазим Мустафа, кој е избран во јули 2019 година, а во декември на Весна Дамева, избрана во декември 2019 година. До крајот на годинава завршува и мандатот на Селим Адеми избран во декември 2019 година.

Следната година во декември завршува мандатот на Павлина Црвенковска избрана во декемри 2020 година, Тања Чачарова-Илиевска, која е избрана во декември 2021 година, има мандат до декември 2027 година.

Изгласувањето на интерпелациите не значи оставки за овие пет члена на Судскиот совет, а за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, како што налага Законот за Судски совет.

Весна Дамева, образложувајќи го својот одговор на седницата за нејзина интерпелација со Собранието, истакна дека изминатиот период континуирано, како што кажа, одредени луѓе од политиката се обидуваат да ја омаловажат, изнесувајќи невистини и небулози.

– Се спореше мојата стручност и компетентност, и на сето тоа не реагирав пред се да го зачувам угледот на Судскиот совет. Бев спремна дека вие политичарите ќе ги користите сите средства и начини да не девалвирате нас, носителите на судска власт, кои не ви одговараме. Не дојдов да се правдам и заштитам себе си, дојдов да застанам на страната на владеење на правото, истакна Дамева, отфрлајќи ги наводите од интерпелацијата.

Во врска со интерпелацијата во Собранието, членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска, рече дека „интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена. Не само што не е дозволена, туку овој акт претставува преседан во досегашната парламентарна демократија“.

– Мојот став е, тврдам дека сум во право, дека интерпелација на член на Судски совет е недозволена и противуставен акт. Гледам во интерпелацијата подносителите на истата се повикуваат, а и по медиуми постојано тоа го слушаме, на нивното уставно загарантирано право да поднесуваат интерпелација, во смисла на член 72 од Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, одредбата од членот 68, став 1, алинеја 15, има поинакво уставно решение. Таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција којшто одговара пред Собранието. Членовите на Судски совет, согласно Уставот и Законот за Судскиот совет, кој е „lex specialis“ и на кој упатува Уставот по однос на круцијалните прашања што се однесуваат за Судскиот совет, тоа е состав на Судскиот совет, мандат на членовите на Судскиот совет, надлежности на Судскиот совет, услови и постапка за избор и разрешување на член на Судскиот совет, услови и постапка за утврдување на одговорност за член на Судски совет, се прашања кои што согласно Уставот се поконкретно и подецидно образложени и уредени со Законот за Судскиот совет, рече Чачарова – Илиевска.

Морална одговорност и напуштање на позициите очекува премиерот Христијан Мицкоски од петмината членови на Судскиот Совет, на кои им беше изгласана недоверба во Собранието. Заменик министерот за правда Ален Деребан, пак, го повика Судскиот совет итно да закаже седница и да расправа за заклучоците на Собранието, а членовите опфатени со интерпелациите да си поднесат оставки.

Премиерот Мицкоски, во изјава за медиумите завчера рече дека очекува Дамева, Црвенковска, Мустафа, Чачарова – Илиевска и Адеми да ги напуштат позициите, затоа што немаат кредибилитет да бидат на тие места.

-Јас очекувам нивна морална одговорност и да ги напуштат позициите коишто ги имаат заробено, затоа што немаат никаков кредибилитет да бидат на тие места, изјави Мицкоски.

Заменик – министерот за правда Деребан рече дека изгласаната интерпелација значи дека тие немаат легитимитет да земат учество, а уште помалку да одлучуваат во рамки на Советот.

-Судскиот совет мора да ја разгледа оваа интерпелација. Да закаже итна вонредна седница по однос на истото, а од нив очекувам да поднесат неотповикливи оставки. Прво, треба да разјасниме дека тие пет членови не се судии, туку се носители на јавни функции на кои се избрани од Собранието. Собранието согласно Уставот е надлежно да врши надзор над нивната работа. Интерпелацијата  е уставна категорија и вчерашната интерпелација која им беше изгласана на овие пет члена на Судскиот совет избрани од Собранието е многу сериозна работа и мора да биде сфатена сериозно, затоа што со истата се утврдува дека овие пет члена имале значителен придонес во загрозување на независноста на угледот на судството и судската власт, но и значителен придонес за намалување на довербата на граѓаните во судството, рече заменик-министерот.

Советот е составен од 15 члена, од кои осум члена ги избираат судиите од своите редови, петмина ги избира Собранието од кои двајца на предлог на претседателот на државата. По функција членови на Советот се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, кои учествуваат во работата на Советот без право на глас.

Петмина од членовите од редот на судиите беа избрани минатата година. Во декември судиите Аритон Ала од Апелацискиот суд Скопје и Данка Ристова од Апелацискиот суд Штип, претходно во септември беше избрана судијката Џенета Бектовиќ од Основниот кривичен суд Скопје како член на Советот од редот на судиите припадници на заедниците, кои се помалку од 20 проценти од населението во државата, додека во јуни нови членови станаа судиите Исамедин Лимани од Врховниот суд и Александар Камбовски од битолското апелациско подрачје.

Останатите тројца членови на Советот од редот на судиите се судијката Антоанета Димовска избрана во јули 2023 година, судијата Ивица Николовски избран во септември 2022 и Ханиф Зендели избран во јануари 2020 година.

Единствениот орган за избор, оценка и контрола на работата на судиите и чуварот на довербата на граѓаните кон судството – Судскиот совет,  годината ја почна со претседателски „рокади“, а ја заврши со празно столче на функцијата претседател на Советот. Судскиот совет, повторно се најде во фокусот на јавноста, но не само по контроверзно разрешување, па враќање, и на крајот оставка од функција на претседателката Весна Дамева, туку и по обидите за примена на дел од препораките на Оценската мисија во своето работење, како и отворените повици од власта за нивно распуштање и реформа на Законот за судски совет.

Советот на 510-тата седница одржана на 3 јануари годинава со 13 гласа го избра судијата Александар Камбовски за нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.  Камбовски, доаѓа од Апелација Битола и беше избран за член на Советот во јуни минатата година.

Tags: судски совет
Next Post

Утре и во сабота стабилно и топло време, од понеделник пороен дожд и грмежи

НАЈНОВО

Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

August 24, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

August 24, 2025

Д-р Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk