ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Поддршка за вработените во Филхармонија од Синдикатот на музички уметници на Србија

March 13, 2025 12:32
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Вработените во Македонската филхармонија, деновиве добија поддршка и од Синдикатот на музички уметници на Србија во борбата за транспарентно спроведен конкурс за избор на директор, информираат од СО Македонска фихармонија при СКРМ.

како што известуваат,„ во поддршката до нашите музичари, српските колеги потенцираат дека доколку на нетраспарентен начин се спроведе конкурсот и се избере однапред договорениот меѓупартиски кандидат ќе го информираат и Џон Смит, претседател на Интернационалната федерација на музичари (FIM) кој ги застапува интересите на европските музичари во УНЕСКО, како и во Европскиот парламент’.

„Синдикатот на музички уметници на Србија им дава целосна поддршка на музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија во нивната борба за транспарентно и законски спроведен конкурс за избор на директор.

За нас, музичарите, најважно е да имаме простор и слобода на израз, бидејќи музиката, како и сите останати уметности се темели на независност и слобода, а не на општествените стеги и актуелни политички состојби.

Културните институции треба да ги водат професионалци, луѓе со искуство и професионален интегритет, а не политички марионети.

Државата треба да ја поттикнува и стимулира музичката уметност, да ги мотивира музичарите да ги достигнат своите највисоки врвови, зошто тие се нејзини најголеми амбасадори.

Музиката и културата, а не политиката, се најдобри промотори на секоја држава.

Се надеваме дека ќе истраете во вашата борба и дека ќе се изборите да добиете професионален менаџер кој ќе продолжи да ја води вашата институција кон просперитет и врвни уметнички достигнувања, а не кон уништување на најзначајната институција во Македонија.

Синдикатот на музичките уметници како полноправна членка на Меѓународната федерација на музичари во која членуваат музички уметници од повеќе од 120 земји ќе го информира претседателот, г-дин Џон Смит и земјите членки за проблемите со кои се соочува Македонската филхармонија и за нетранспрентниот процес за избор на директор кој го спроведува Министерството за култура на Република Северна Македонија.“, пишува во соопштението од Синдикатот на музичките уметници на Србија.

Минатата недела, вработените во Македонската филхармонија добија поддршка и од своите колеги од Белградска филхармонија кои се соочуваат со слични проблеми. Тие во моментов се во штрајк и не ги одржуваат своите концерти.

И вработените во Македонската филхармонија најавија дека доколку се избере меѓупартиски договорениот кандидат на престојниот конкурс, ќе престанат со работа и нема да ги одржуваат своите концерти.

Tags: Филхармонија
Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Стотина непознати лица го блокираат влезот на српската телевизија Н1

Shortcut

Најново

АСОМ нуди европски модел за регулација наместо закон за затворање на легалната индустрија

June 4, 2026

Судот одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и уште три лица

June 4, 2026

Мицкоски ја има третата власт на speed dial

June 4, 2026
Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk