ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Примопредавање на должност командант на Командата за обука и доктрини

March 13, 2025 15:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денес се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста командант на КОД од полковник Васко Коколански ја прими бригаден генерал Лулзим Нуредини, кој со укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова е поставен на оваа должност и унапреден во бригаден генерал.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски во своето обраќање пред присутните изрази благодарност до полковникот Коколански за сè што направил за КОД, а е клучно за успехот и високото позиционирање на командата. Генералот Лафчиски честитајќи му ја должноста на новопоставениот командант, бригаден генерал Нуредини, му порача како досегашен заменик на оваа команда да остане посветен и решителен, а применувајќи ги своите знаења и вештини да ја води командата во вистинска насока и нови победи.

Новопоставениот командант, бригаден генерал Нуредини се заблагодари за дадената доверба да раководи и командува со КОД. На полковникот Васко Коколански, во името на сите припадници на КОД, му оддаде почит со доделување на Плакета за придонесот во изградбата и развојот на единицата и досегашната соработка, како и вложениот труд за подобрување на борбената обука и вложениот личен придонес во развојот на единицата и постигнатите резултати.

Полковникот Коколански во својот говор им се заблагодари на сите припадници на КОД за вложениот труд за време на неговиот мандат, а на генералот Нуредини му посака успех во работата на оваа должност, притоа ветувајќи ја неговата понатамошна поддршка. Воедно тој изрази уверување дека КОД ќе прерасне во институција којашто силно ќе влијае во јакнењето и градењето на капацитетите на Армијата.

На денешната свеченост, покрај началникот на Генералштабот на Армијата генерал- мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа и заменик-министерката за одбрана Елфете Исмаили, заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин, директорот на Генералштабот бригаден генерал Орце Јордев, командантот на 1.пешадиска бригада бригаден генерал Дејан Чиплаковски, претставник од кабинетот на претседателката, Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Генералштабот на Армијата, команданти на потчинетите единици, претставници од воено-дипломатскиот кор, локалната самоуправа и други гости.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: командантПримопредавање
Next Post

Сиљановска Давкова: Европскиот пат на мојата држава е поплочен со двојни стандарди

НАЈНОВО

Приведен жител на Ваташа поради уништување плакати на политичка партија

October 18, 2025

ДИК: Започна гласањето за болни, затвореници и лица во установи за вонсемејна грижа

October 18, 2025
Фото, Генерирано со ВИ

Продолжува падот на инфлацијата и обновата на куповната моќ на домаќинствата во ЕУ

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk