ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновски: Уставниот суд не подлежи на интерпелација, а уставните гаранции за независноста на Судскиот совет се многу важни гаранции

March 14, 2025 13:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Во врска со најавите на ДУИ дека ќе поднесе интерпелации за целиот состав на Уставен, претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, излезе со став дека никој во државата нема повеќе права од оние што му ги дава Уставот и дека секој е должен да го почитува Уставот, вклучувајќи го и Собранието. Во однос на интерпелациите на членовите на Судски совет, тој нагласи дека уставните гаранции за независноста на Судскиот совет се многу важни гаранции.

-Кристално е јасно, на секој правник од прва година студент му е јасно дека Уставниот суд претставува четврта власт и не подлежи на начелото поделба на власт. Инструментот интерпелација во никој случај не може да биде употребен за Уставниот суд и уставните судии. Ние сме контролори на таа власт, на сите три власти – законодавната, извршната и судската. Тоа би бил распад на уставниот поредок,изјави Костадиновски

На денешниот брифинг со новинари во Уставниот суд, во врска со можноста Собранието да ги стави во постапка интерпелациите, Костадиновски додаде дека не може да предвиди дали некој ќе понесе одговорност.

-Јас само укажувам дека секој е должен да го почитува Уставот, додаде тој.

Претседателот на Уставен суд, исто така, се осврна на прашањето за интерпелациите за членовите на Судскиот совет, истакнувајќи дека правото на законодавецот да нормира е неспорно, но должност на законодавецот е да го почитува Уставот.

-Што е уставно не кажувам јас, кажува Уставниот суд. Мојот став е дека е неспорно правото на законодавецот да нормира, или кога ќе увиди некои слабости во поредокот да интервенира со законски измени и надополнувања. Но, должност на законодавецот е да го почитува Уставот и кога веќе кажав дека овие три власти подлежат на начелото поделба на власта согласно принципот на контрола и рамнотежа,нашиот устав не кажува сѐ, ниту еден устав на светот не дава одговор на сѐ. Интерпелацијата е уставна категорија, но, нашиот Устав дава гаранции на независноста на судската власт. Мое лично мислење е дека тој принцип на контрола и рамнотежа на законодавната и извршната власт во судската власт кој ужива гаранции за својата независност, се исцрпува со изборот на овие пет членови на судскиот совет, тоа не се судии, несудиски членови, тоа е мој личен став, тоа е доволна контрола во тој систем на check and balances, рече тој.

Заклучи дека, како што рече „постојат дилеми и за постапувањето на Собранието, но јас секогаш велам, не е толку тешко да се толкува Уставот, уставните гаранции за независноста на судскиот совет се многу важни гаранции“.

Tags: Уставен суд
Next Post

Дали власта прави упад во правната држава наместо да спроведе реформи во судството?!

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk