ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Студентите во блокада ја менуваат локацијата на денешниот протест во Белград заради избегнување евентуално насилство

March 15, 2025 11:05
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Данас

Фото: Данас

Во главниот град на Србија денеска попладне се очекува голем протест, наречен  „15 за 15“ предводен од судентите во блокада, а кој првично беше планиран да се одржи пред Народното собрание во Белград. Но, студентите ја сменија локацијата и тој ќе се одржи на плоштадот Славија.

Како што соопштија студентите на ЕТФ во блокадата, се решиле на овој чекор за да спречат евентуално насилство. Учениците кои синоќа од разни правци во Белград пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани на Теразије. Се проценува дека имало околу 31.000 граѓани.

Српското МВР соопшти дека за време на дочекот се уапсени две лица поради нарушување на јавниот ред и мир и дека се оштетени голем број трактори во близина на Пионерскиот парк, каде се смесени контрапротестантите „студентите 2.0“, наречени и „чаци“ или „студенти кои сакаат да учат“.

Студентите кои протестираат денеска ќе пристигнат на местото на протестот од четири правци – од Автокоманда, од плоштадот Република, од булеварот Крал Александар и од Нов Белград.
Собирот е најавен на кружниот тек кај општина Нови Београд во 10:00 часот, кај Автокоманда во 11:30 часот, додека во 13:00 часот е планиран собир кај споменикот Вук, како и кај Плоштадот на Републиката.

Студентите од факултетите во Вождовац најавија дека ќе ја блокираат Автокоманда од 11:52 часот, кога ќе одржат 15 минути молк за 15-те загинати во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември. Блокадата ќе трае до 13 часот, а потоа ќе се упатат кон централното место на протестот, каде ќе се обединат со другите групи.

Tags: Белградпротести
Next Post

Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk