ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) Граѓаните на Белград ги пречекаа студентите како „ослободители“, денеска голем протест

March 15, 2025 09:15
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград денеска попладне се очекува да започне голем протест предводен од студентите во блокада, кој се смета за кулминација на 3,5-месечните демонстрации поради трагедијата во Нови Сад, каде при уривање на реконструирана настрешница на железничката станица загинаа 15 лица.

Студентите бараат политичка и правна одговорност за несреќата. Протестот во Белград следи по масовните собири што веќе се одржаа во Нови Сад, Крагуевац и Ниш.

Неколку десетици илјади луѓе излегоа вчера на улиците во Белград за да ги поздрават колоните студенти кои се собираат од речиси цела држава за големиот антивладин митинг денеска.

„Вие сте нашите ослободители“, видно возбудени граѓани им извикуваа на студентите пречекани од шпалирот создаден од народот.

Денови претходно, студентите тргнаа пеш од неколку правци кон Белград, каде пристигнаа во петокот вечерта, а во главниот град им беше приреден свечен пречек за кој српската полиција соопшти утрово дека имало околу 31.000 луѓе.

Граѓани на Белград до доцна синоќа беа на улиците во центарот на градот каде ги пречекуваа илјадниците студенти кои се собраат во Белград за митингот планиран денеска и кој како што велат студентите во блокада – ќе биде најголемиот во историјата на Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ бара, како што вели „да се зачува мирот во државата“, а целта e да ги одврати луѓето да присуствуваат на денешниот протест.

Тој постојано предупредува дека на митингот се планира насилство и се закани со апсење поради какви било инциденти.

Поддржувачите на Вучиќ кампуваат во центарот на градот, поттикнувајќи ги стравувањата од судири со демонстрантите.

На прес-конференција синоќа Вучиќ повторно рече дека властите добиле повеќе извештаи за наводни планирани немири и го опиша саботниот собир како „незаконски“.

Фото: Скриншот

Вучиќ вели дека западни разузнавачки служби стојат зад протестите со цел да го соборат од власт.

„Не прифаќам уцени, нема да се согласам на притисок, јас сум претседател на Србија и нема да дозволам улицата да ги поставува правилата. Српската држава ќе направи се за да обезбеди мир. Оние кои го нарушуваат мирот ќе бидат приведени и строго казнети…Не планирам да воведам вонредна состојба“. „Ќе мора да ме убиете ако сакате да ме смените“, рече Вучиќ.

Вучиќ „мобилизираше криминалци, насилници и членови на Црвени беретки, донесе луѓе од Косово и ги стационираше во Пионирски парк иако знае дека стотици илјади ќе се соберат таму в сабота“, напиша Драган Ѓилас, лидерот на опозициската Партија на слобода и правда правда, на Х.

Студентите го предводат националното движење против корупцијата што почна откако бетонска настрешница се урна на железничка станица во Нови Сад кога загинаа 15 луѓе пред повеќе од четири месеци. Оттогаш – речиси секој ден има протести на студентите низ државата.

Вучиќ и неговата Српска напредна странка, се исфрлени од рамнотежа од студентските протести, движење без лидери кое бара коренити реформи во општеството.
Демонстрантите бараат одговорност за катастрофата во Нови Сад, како и транспарентни институции, засновани на владеење на правото.
Повеќе од десетина лица се обвинети во врска со смртоносното уривање на настрешницата.

Тогашниот премиер, Милош Вучевиќ, поранешен градоначалник на Нови Сад кога започна реновирањето на станицата, поднесе оставка во јануари.

Вучиќ  ја отфрли можноста за формирање преодна влада и одржување избори за шест месеци

Полицијата уапси шестмина опозициски активисти под сомнение дека „подготвуваат акции против уставниот поредок и безбедноста“ еден ден откако наводна снимка од нивната средба беше емитувана на провладините телевизиски станици во четвртокот.

Претходните собири предводени од студентите во други српски градови беа мирни.

Фото: Скриншот

Во Белград, тензиите се зголемија откако поддржувачите на Вучиќ, вклучително и поранешните паравоени борци, поставија камп во паркот пред зградата на претседателството. Во петокот околу кампот беа паркирани трактори и распоредени голем број полицајци со опрема за разбивање протести.

Властите соопштија дека зградата на парламентот од спроти Андриќев венац (зградата на претседателот) ќе биде затворена во следните три дена поради безбедносни причини.

Власта на секаков начин се обидува да спречи луѓе од Србија да допатуваат во Белградн за големиот протест.

Железничкиот сообраќај е прекинат. Од синоќа прекинаа со превоз на патници голем број компании кон и од Белград.

Мисијата на Европската унија во Србија соопшти дека „слободата на собирање е основно право“ и дека безбедноста на учесниците и институциите мора да се зачува.

Локалните медиуми јавија за актвирање забрана на полицијата да пушти во Србија неколкуминановинари од Хрватска и од Словенија. Засега нема официјално образложение за потезите на српската полиција.

Урсула фон дер Лајен

„Одговорот на Србија на овие протести ќе биде одлучувачки тест за нејзината посветеност на стандардите на ЕУ“, напиша оваа недела меѓупартиска група членови на Европскиот парламент во писмото до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на „непријавен собир“ на граѓани во петокот вечерта на повик на студенти во Белград, имало неколку инциденти кои „главно биле насочени“ кон учесниците на вториот собир „Студенти 2.0“ во Пионирски парк.
Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека поднело барање до полицијата за собирање информации и проверка на „точност на информации“ за наводни контакти меѓу Белградскиот универзитет и Воениот синдикат, јави МИА од Белград.

Според аудио снимка објавена од провладини медиуми, „извесна М.В изнела информации дека еден од претставниците на Универзитетот во Белград контактирал со Воениот синдикат и дека  – Војската на Србија ќе застане на страната на демонстрантите доколку дојде до немири“.

Српскиот патријарх Порфириј во утринско богослужение во храмот Свети Сава, молитви за крај на поделбите меѓу српскиот народ и мир меѓу граѓаните.Тој нагласи дека се плаши дека ќе има насилство на протестот во Белград што денеска го организираат студентите во блокада.
„Се плашам дека меѓу нас ќе има насилство…Денеска сите општествени фактори, но и институциите да се борат против оваа омраза меѓу нас. Мирот треба да биде крајна цел“.

J. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Белградсрбија протести

НАЈНОВО

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

Музеите лани ги посетиле 289 767 граѓани

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk