Сопственикот на дискотеката во која се случи пожарот во Кочани, во која загина 51 лице, е приведен.
Според информации на МИА, приватната дискотека каде што се случи пожарот во Кочани работела повеќе години, а приведениот сопственик бил постојано во сопственичката структура на објектот.
Лиценцата за работа на дискотеката и истекувала на 24 март.
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија формираше обвинителски тим кој ќе раководи со истражните дејствија поврзани со пожарот во Кочани. Во обвинителскиот тим се вклучени петмина обвинители од Кочани, Штип и Скопје.
Во Кочани е републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски и сите обвинители, кои заедно со останатите надлежни служби се на терен, информираат од јавното обвинителство.
Во пожарот во дискотеката во Кочани синоќа загина 51 лице, а над 100 се повредени.