Дискотеката во Кочани „Пулс“, во која се случи утрово страшната трагедија, во која животот го загубија најмалку 59 лица, немала лиценца пишува ТВ21.
Дискотеката била во приватна сопственост, и истата менувала сопственици во текот на изминатите години.
ТВ21 дознава дека сегашниот сопственик цело време бил во сопственичката структура на ноќниот клуб.
Според информации на ТВ21 во моментов немала важечка лиценца, односно последната била издадена на 13 март 2023 година и истата имала важност една година.