ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Седумдневна жалост за жртвите од трагичната несреќа во Кочани

March 17, 2025 09:22
in ДЕНЕС, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА
фото извор: Радио Кочани

фото извор: Радио Кочани

Во спомен на жртвите од трагичната несреќа во Кочани, од денеска е седумдневна жалост на територија на цела држава. Националното знаме на земјава денеска ќе се вее на половина копје.

Ваквата одлука беше донесена на вчерашната вонредна владина седница, по трагичниот настан што се случи вчера наутро во Општина Кочани каде во несреќен случај при пожар на дискотека животот го загубија 59 млади лица, а над 100 луѓе се хоспитализирани и им се укажува лекарска грижа.

– Секој да се придржува до одлуката бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни. Во овие денови Министерството за надворешни работи ќе отвори книга на жалост во рамки на Министерството за огромната несреќа која се случи, соопшти владината прес-служба.

Од Владата изразија сочувство до семејствата на жртвите во овој трагичен настан.

– Не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба. Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за целиот македонски народ, замолуваме да не се политизира случајот, за институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот. Ниту една информација нема да биде скриена од очите на јавноста, се наведува во соопштението од Владата.

Сите планирани настани во установите од областа на културата во текот на оваа недела се откажуваат, информира Министерството за култура и туризам.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите, а на повредените им посака брзо закрепнување. Иинформира дека сите институции од областа на културата во Скопје ги отвораат вратите и се ставени на располагање за поддршка на семејствата и на сите оние на кои тоа им е потребно.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) вчера преку соопштение им укажа на медиумите дека треба да го усогласат своето работење со деновите на жалост.

– Медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на деновите на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи по нивното завршување. Воедно, до завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации, наведуваат од АВМУ.

За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Агенцијата ги повикува медиумите да продолжат да известуваат професионално, да внимаваат на достоинството на жртвите, повредените и нивните семејства и при информирањето да користат проверени извори и релевантни соговорници.

Пожарот во дискотеката во Кочани настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Искрите го зафатиле таванскиот дел од лесно запалива материја, по што пожарот брзо се проширил низ целата дискотека, создавајќи густ чад. МВР информираше дека на 16 март 2025 година околу 2:35 часот од полициски службеник од ОВР Кочани, кој во моментот постапувал по план за контрола на угостителски објекти во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во Полициска станица Кочани е добиено информација дека во дискотеката избувнал пожар додека се одржувал концерт на групата ДНК.

Веднаш по добивање на информацијата, дежурната служба во Полициската станица Кочани ги известила Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош, кои за краток временски период пристигнале на местото и почнале да даваат прва помош и да вршат евакуација на присутните.

– Според првичните информации со кои располагаме, пожарот настанал како последица на искри од пиротехнички средства кои што биле употребени за светлосни ефекти на концертот. Во моментот на активирање на т.н прскалки, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој бил од лесно запалива материја, по што за многу краток период пожарот се проширил низ целата дискотека и се создал густ чад. За краток временски период на лице место пристигнати се служби од противпожарните служби и Итна медицинска помош од соседните градови кои се вклучиле во помош на повредените а веднаш се активирани хеликоптери на МВР кои се вклучиле во транспорт на повредените до скопските клиники, изјави вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во текот на вчерашниот ден, сочувства до семејствата изразија претседателката Гордана Сиљановска Давкова,  претседателот на Собранието Африм Гаши, премиерот Христијан Мицкоски, министри,… Сочувство изразија и ЕУ, амбасадите на САД и на Русија, како и други држави од регионот, Европа и светот.

Tags: жртвиКочаниседумдневна жалост
Next Post

Турција пренесе критично повредени од пожарот

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk