ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шефот на Шин Бет: Нетанјаху одлучи да ме смени оти нема доверба во мене

March 17, 2025 10:00
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Шефот на израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет, Ронен Бар, како одговор на најавата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе биде сменет од функцијата шеф на службата, рече дека премиерот ја донел одлуката затоа што смета дека меѓу нив нема доверба, што, како што оцени, е целосно нелегитимно.

Тој нагласи дека одлуката на Нетанјаху не е поврзана со неуспесите на Шин Бет да ги открие заканите од нападите на палестинската милитантна група Хамас врз јужен Израел.

Бар рече дека како шеф на Шин Бет, тој е лојален на граѓаните на Израел, а не на премиерот Нетанјаху лично, објави Тајмс оф Израел.

„Очекувањето на премиерот за должност на лична лојалност, чија цел е спротивна на јавниот интерес, во основа е нелегитимно очекување. Ова е спротивно на Законот за Шин Бет и спротивно на државните вредности што ги водат Шин Бет и неговите членови“, рече Бар.

Според него, внатрешниот преглед на Шин Бет за неуспехот што доведе до нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, „укажува на политиката што ја водела владата и личноста која раководи со години, со акцент на годината што му претходела на масакрот“.

„Истрагата покажа дека политичкиот ешалон упорно и намерно ги игнорирал предупредувањата на агенцијата“, рече Бар.

Тој нагласи дека има намера да продолжи да ги извршува своите должности додека не бидат ослободени сите заложници кои ги држеше Хамас и не завршат неколку „чувствителни“ истраги.

Нетанјаху во неделата рече дека има намера да го смени Бар. Израелскиот премиер го повика Бар на итен состанок во неговиот кабинет и го информираше дека владата ќе гласа да го принуди да ја напушти функцијата, соопшти кабинетот на Нетанјаху.

Според израелските медиуми, гласањето ќе се одржи на специјален состанок на владата во среда.

„Во секој момент, а особено за време на егзистенцијалната војна со која се соочуваме, мора да има целосна доверба меѓу премиерот и шефот на Шин Бет“, наведе Нетанјаху во соопштението, додавајќи дека ситуацијата е спротивна и дека нема таква доверба.

Tags: довербаНетанјахуШефот на Шин Бет
Next Post
Фото: КК Дино Баскет

Во трагедијата во Кочани животот го загуби и младиот кошаркар Петар Ивановски

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk