ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ВИДЕО) Филипче со порака: Ова не е време за политички пресметки, туку за човечност и единство

March 17, 2025 15:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ви се обраќам денеска, со навистина тешко срце во овие моменти на огромна и на длабока тага. Вчера се загубија млади животи, семејства останаа без најблиските без најдрагоценото, без своите деца. Цели генерации останаа со болка којашто никогаш нема да може да се надмине. Ова е трагедија којашто ја потресе целата земја и навистина остава трага која никогаш нема да се избрише. Дозволете ми уште еднаш да упатам најискрено сочувство до семејствата на загинатите, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

„Во текот на вчерашниот ден бев присутен на клиниката и таму се сретнав со дел од семејствата со еден дел од нив поразговарав, тоа се дел од семејствата коишто имаат свои најбликси на лекување. Разговарав и со колегите, направивме стручни консултации. Ги видов напорите на колегите, видов како и тие сочувствуваат со болката на семејствата“, рече Филипче.

– Сакам да ги уверам семејствата дека тие се одлично згрижени, одлично распределени, лично ги знам сите кои учествуваат во вој процес на лекување, лично ја знам нивната експертиза и сакам да ги уверам семејствата дека нивните најблиски се во добри раце и дека колегите се борат за секој еден живот.

Филипче вели дека „сега е потребна поддршка на тие семејства, потребна е поддршка и семејствата на загинатите“ Тој апелира до министерот Таравари да формира мобилни тимови за психијатрија и да се стават на располагање на семејствата во Кочани, да се разговара посебно во пресрет на тоа што таму сега ќе следува.

„Ние сме денеска рането општество, довербата во институциите е срозена. Ако сакаме таа доверба да ја вратиме мора да има целосна, транспарентна и објективна истрага.  Никој не смее да биде поштеден – ниту актуелни, ниту поранешни функционери или службеници. Тоа не е прашање на политика, тоа е прашање на вистина и на правда. Трагедијата е преголема за да се дозволи сенка на сомнеж, затоа што ако постои и најмала индиција дека некој се штити, тоа ќе биде удар врз целото општество. Затоа апелирам до истражните органи, обвинителството, редовно да се известува ако треба и два пати во денот, што точно се прави за да се спречат шпекулации. Потребна е одговорност на секој еден,потребна е одговорност на сите нас како граѓани. И ни е потребно единство, ова не е време за политички пресметки. Треба да покажеме човечност, а јас и ветувам дека нема да дозволам политизирање на целиот овој процес, исто како што нема да дозволиме некој да биде поштеден и како опозиција будно и интензивно ќе пратиме овој процес да оди во правилна насока“, рече Филипче.

Нагласи, СДСМ е одговорна и државотворна партија.

Излегуваме во пресрет на сите иницијативи кои водат кон идентификување на причините. Истовремено како партија го нудиме целиот наш капацитет чоевчки и интелектуален да помогнеме во овој процес, рече претседателот на СДСМ.

„Ова е ситуација во којашто мора да сме сплотени и да покажеме верба во принципите. Секој акт на морална одговорност од наша страна ќе биде поздравен. Апелирам безбедносните служби да пратат евентулнли насоки, сигнали за прелевање на некакви кризи од семејставата, тоа на нашето мултикултурно и мултитничко општество не му е потребно. Трагедиите можат да уништат една нација, но и да ја зајакнат. Од нас зависи како ќе излеземе од сето ова – како држава што научила лекција и донела правда, или како општество што дозволило ова да се заборави. Вечна им слава на починатите. Македонскиот народ нема да ја заборави оваа трагедија, а наша одговорност е да осигураме дека ова никогаш повеќе нема да се повтори“, истакна Филипче.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: трагедија во КочаниФилипче
Next Post

Почит од битолчани за загинатите врсници од Кочани

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk