Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани, потврдија за МИА од МВР.
Разрешение се :
1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип
2. Помошник началник на СВР Штип
3. Началник на Одделение за полиција Штип
4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани
6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани
7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.
Повеќе детали за разршувањата, министерот Тошковски ќе соопшти на прес-конференција во МВР закажана во 15:30 часот.