ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Четворица повредени во трагедијата во Кочани префрлени на лекување во Белгија

March 19, 2025 09:33
in ДЕНЕС, СВЕТ, ТРАГЕДИИ, ХРОНИКА

Четири лица повредени во трагичниот пожар во ноќниот клуб во Кочани во неделата, минатата ноќ се префрлени на лекување во Белгија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Како што информира Македонската амбасада во Белгија, повредените се сместени во четири различни болници во градовите Брисел, Антверпен, Лиеж и Шарлероа.

Настраданите беа префрлени во Белгија со специјален авион на Вооружените сили на Романија, со кој истовремено на лекување во Холандија беа пренесени уште четири други лица повредени при пожарот.

– Антонија, Маја, Петар и Драгољуб пристигнаа во Белгија. Благодарност до белгиската Влада, особено нивното МНР, за сета досегашна помош, како и до Романија и Европската Унија, кои го организираа специјалниот лет од Скопје до Брисел. Утре е нов ден, нова надеж за нашите млади сограѓани, им посакувам брзо закрепнување и здравје!, наведе македонскиот амбасадор во Белгија, Методија Белевски.

Истовремено, голем број македонски државјани кои живеат во Белгија понудија бесплатно сместување и превоз за членови на семејствата на повредените, а Амбасадата обезбеди и преведувачи, кои на повредените и нивните роднини ќе им помагаат за превод во комуникацијата со медицинскиот персонал.

Инаку, во нашата Амбасада во Брисел е отворена книга на жалост во која наши државјани, но и странски граѓани и дипломатски претставници, оставаат пораки за сочувство за жртвите во трагичниот настан во Кочани.

Заинтересираните можат да изразат сочувство секој ден во текот на оваа работна недела од 10:00 до 12:00 и од 13:30 до 15:30 часот, освен в петок, кога книгата на жалост ќе биде отворена од 10:00 до 12:00 часот.

Tags: БелгијаКочанипожар
Next Post

Влада: Воздржаност од објавување на непроверени информации, за да не се создава дополнителна болка и стрес на јавноста

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk