Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево.
Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи.
Со починатите, од кои голем дел млади лица, се простија членови на нивните семејства, роднини, нивни сограѓани… На и околу местата на погребите беа распоредени поголем број на лекарски тимови и вода за пиење. Погребот го следеа медиумски екипи од земјата и од странство.