„МВР мора да влезе и да забрани употреба на пиротехника, тие мора дозвола да дадат на тоа. Притоа она што го рече министерот, крајно несмасно, дека тие средства ги донел некој од групата, е катастрофа од изјава. Независно што е трагедија таа изјава, независно од тоа кој ги донел материјалите, може да бидат купени пред клубот, може да бидат донесени таму од некого, од групата од кого сака. МВР е задолжено да го блокира тоа, да не даде дозвола и да контролира внатре дали има злоупотреба“ вели професорот Љубомир Фрчкоски во интервју за ТВ24.
Тој додава дека дури и дискотеката да имала легална лиценца, повторно внатре не смее да се пали пиротехника, за што одговорно е само МВР.
„Одговорноста оди и до шефот на јавното обезбедување. Никој не го споменува, министерот тука е … зборува се нешто секој пет минути во еден страв, паника не знам што неумесно се заканува на новинарите или ги учи. Но, шефото на јавна безбедност никој не го спомнува. Тој е тој којшто треба да оди одма, одма. Затоа што е директно надлежен над овие началници кои се надлежни, по командна одговорност тој оди. Дали ќе има кривична кон него е друго прашање“ вели Фрчкоски.
Тој додаде дека политичката одговорност нужно се врзува за министерот, а тоа што знаеме дека тој не е виновен не е директно врзано со тоа.