Руски беспилотни летала убијци ја нападнаа Одеса во текот на ноќта во четвртокот, предизвикувајќи пожари во предградијата, оштетувајќи ја инфраструктурата и нанесувајќи жртви, објави градоначалникот Хенадиј Труханов на Телеграм, според Укринформ.
„Непријателот ги нападна предградијата на Одеса. Цивилната инфраструктура, трговските објекти изгореа во пламен, автомобилите се оштетени. Пријавени се жртви“, напиша тој.
Лекарите ја обезбедуваат сета неопходна помош на погодените, а службите за итни случаи работат на отстранување на последиците од нападот, вклучително и гаснење на пожарите на местата на ударот, додаде Труханов.
Како што објави доцна ноќеска ЦивилМедиа, околу полноќ Русите извршија масивен воздушен напад насочен кон станбени згради, трговски центар и претпријатија во Одеса, при што беа пријавени повеќе експлозии и пожари.
Драган Мишев / ЦивилМедиа