ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Франција, Германија и Обединетото Кралство повикаа на итно обновување на прекинот на огнот во Појасот Газа

March 22, 2025 09:07
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Франција, Германија и Обединетото Кралство повикаа на „итно обновување на прекинот на огнот“ во Појасот Газа и изразија незадоволство поради големиот број цивилни жртви откако Израел го прекрши примирјето.

Министрите за надворешни работи на Франција, Германија и Обединетото Кралство, Жан-Ноел Баро, Аналена Бербок и Дејвид Лами синоќа во заедничка изјава го осудија „драматичното влошување на ситуацијата за луѓето од Појасот Газа, заложниците, нивните семејства и целиот регион“.

– Револтирани сме од бројот на цивилни жртви и повикуваме на итно враќање на прекинот на огнот. Ги повикуваме сите страни да продолжат со преговорите за прекинот на огнот да се спроведе во целост и да стане траен, се вели во соопштението.

Според Цивилната одбрана на Газа, 520 луѓе се убиени во израелските напади во енклавата откако Израел го прекрши примирјето на 18 март.

– Јасно е дека палестинското движење Хамас не смее повеќе да владее со Газа или да претставува закана за Израел. Сепак, овој конфликт не може да се реши со воени средства, наведуваат шефовите на дипломатиите на Франција, Германија и Обединетото Кралство, додавајќи дека „натамошното крвопролевање не е во ничиј интерес“.

Воздушните и копнените изралекси операции во Појасот Газа го нарушија кревкиот мир што владееше по стапувањето во сила на прекинот на огнот на 19 јануари на територијата уништена од војната што палестинското исламистичко движење ја започна пред повеќе од 17 месеци со напад на територијате на Израел.

Tags: Газаизраелпрекин на огнот
Next Post
Фото: М. Ацковска/ Фронтлајн

Стабилна состојбата на повредените во пожарот во Кочани, на домашно лекување 13 пациенти

Shortcut

Најново

Икарус и ЕВН избрани за набавка на 150 електрични автобуси

July 23, 2026

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk