Денеска беше најавен студенсткиот пленум во 13 часот на платото на УКИМ. Независното студентско собрание вчера ги објави правилата и агендата за денешниот јавен настан.
Но, сепак пленумот остана затворен за јавноста. Студентите пред самиот почеток решија да не дозволат присуство на новинари. И пленумот го одржаа внатре во Филозофскиот факултет.
Нивен претставник излезе и на насобраните новинари им соопшти дека „никој од студентите не дал дозвола за снимање и сликање“.
View this post on Instagram
Некои од новинарите се побунија споредувајќи го овој настан со пленумуот од пред десетина години и како тој беше отворен за јавноста, но студентот рече дека е сега 2025 година.
Додека студентот ги повикуваше останатите студенти да влезат во Филозофскиот факултет, од Правниот факултет се слушнаа неколку извици „уа, уа“.
Според најавената агенда, иако надвор од очите на јавноста, студентите најавија одржување на 15минутен молк, четири активни зони: „кажи што мислиш“, „запиши го својот глас“, „анонимна кутија“ и „што понатаму?“.
View this post on Instagram
Новинарските екипи заминуваа од пред платото на УКИМ и како што напиша Слободен печат некои од нив планираат да ги бојкотираат нивните идни собири.
Набргу потоа до медиумите стигна допис од иста е-адреса и со исто лого на Независен студентски сојуз во кој се наведува дека биле „препознати сите намери за политизација и мешање во нашето искрено студентско движење“ и оти „фијаското на денешниот протест нанесе штета врз угледот на студентите“, пренесуваат МИА.
Денешниот собир е директен доказ дека студентите не сакаат политичка инволвираност во искажувањето на своите ставови и беше обид политичката партија Левица да го киднапира искрениот студентски крик! Студентите денес го препознаа политикантството и одлучија да не учествуваат во ова фијаско. НСС УКИМ ќе поднесе кривична пријава за вчерашното лажно претставување во наше име и ширење изјави во јавноста, стои во дописот, објавија МИА.
Подготви: Марија Тодоровска / Нова ТВ