ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Видeвски за убиството на Вања и Панче: Под физичка тортура бев принуден да потпишам изјава со која ќе изгледам виновен

March 24, 2025 16:02
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Со прашања од страна на одбраната и обвинителство на Боре Видевски, денеска, во Основниот кривичен суд продолжи судењето за двојното убиство на Вања и Панче. Видевски, одговарајќи на прашања рече дека под физичка тортура во полиција бил принуден да даде и потпише изјава со која ќе изгледа виновен и дека по тепање со дрвена палка го натерлае да каже дека го познаваа таткото на девојчето.

За познанството со Палевски рече дека е ‘партиски’, и дека него го запознал во седиштето на партијата Десна, со која рече дека делел исти ставови. Манев, претходно рече дека обвинетиот Велибор Манев, со кој се знаел уште од извидници во Велес, една вечер му се јавил за да даде потпис за поддршка за формирање на партијата Десна.

— Партијата Десна зазеде некои ставови кои јас ги поддржувам. Под одредени сознанија на претседателот на партијата, Љупчо Палевски, сметавме дека има некаква опасност да се смени името на МПЦ-ОА, во Црква на Северна Македонија. Првично се креираше една декарација за тоа прашање. Ние, членовите, имавме задача да ги собираме тие декларации од целата држава, рече Видевски.

Целта, додаде, било да се соберат најмалку 150.000 декларации и да се направат митинзи, односно литии во црквите низ градовите во Македонија. Рече дека на 25 и 26 ноевмри 2023 година бил во Велес, а вечерта на 26 ноември Велибор Манев му се јавил да одат во Скопје на состанок.

— На 26-ти вечерта ми се јави Велибор Манев дека треба да одиме за Скопје на состанок. Тргнавме за Скопје, стигнавме во седиштето на партијата Десна, не сум сигурен дали во моментот имаше поткаст, чинам дека имаше поткаст, па затоа подоцна отидовме. Таму беа Кристијан Плотников и Ѓорѓи Џолев, се задржавме доцна затоа што имаше многу работи за да се разговараат, бидејќи партијата е новоформирана и има одредени проблеми за изнаоѓање простории за повеќе активности на политички план, се задржавме покасно и останавме да преноќиме кој кај најде место. Кога станав утредента тука беа сите, морам да кажам дека во Јавното обвинителство кажав дека сум станал во 10 часот, но можеби сум станал и порано немам ориентација, по што отидов за Велес, истакна Видевски.

За времето пред да биде приведен на 3 декември 2023 година, нагласи дека цело време се наоѓал во Велес, одел на работа и одржувал редуцирани тренинзи по карате.

— Се враќав од пазар во близина каде што живеам кога ми ѕвонеше телефонот и ми рекоа дека ме бараат од полиција и дека се кај мене дома. Отидов дома ги видов луѓето, беа дојдени со две коли и ги прашав за што се дојдени на што ми рекоа ќе ти кажеме во полициска станица. Го оставив купеното и отидов со нив. Во станицата ми го зедоа ташничето во кое имаше телефон, кредитни картички и нешто готовина. Не знам колку се задржавме, можеби имаше саат, може повеќе. Ми рекоа треба да ме приведат, да ме однесат во Скопје ги прашав за што се работи, бидејќи луѓето ги познавам, Велес е мал град па се знаеме, сакаа да ми кажат, но ми рекоа дека не смеат, дека ќе ми кажат во Скопје… Во станица во Скопје, ме симнаа во една ќелија, таму не знам колку се задржав, мислам дека беше подолго време. Потоа ме викнаа да се качам горе и веќе кога влегов во ходникот не очекував што ќе се случи. Еден од инспекторите ме фати за рака, ме повлече, ме соборија и започнаа да ме удираат и да зборуваат за случајот. Се појави трето лице кое се придружи на нивната работа и ми викаа ‘зборувај’, сведочеше Видевски.

Нагласи дека под физичка тортура бил принуден да даде и потпише изјава со која ќе изгледа виновен.

— Ми покажуваа слики од нивните мобилни телефони, тоа беа слики кои ги видовме тука, но меѓу останатото видов слики и од убиеното девојче. Имаше повеќе слики, колку што можев една да забележам ми ја потенцираа целовреме тоа беше слика каде што се гледаше дел од шофершајбна и странично десно стакло на врата, на која се гледаше дека седи човек со тегет Адидас тренерка. Додека тоа ми го покажуваа, продолжи да удира и ми рече ‘еве си ти на сликата’. Приметив дека удирањата се најчести кон бубрегот и сфатив дека нема да се откажат, на крајот го постигнаа тоа што го сакаа да добијат изјава со која ќе изгледам виновен, ја дотераа изјавата и ме натераа да потпишам, изјави Видевски.

Од почеток, Видевски рече дека, зборувал оти не знам ништо, бидејќи, како што нагласи „не знаев ништо, но тие удираа уште посилно“. – Едниот беше испровоциран затоа што се фатив за стомакот да го заштитам трансплантираниот бубрег, поточно не знаев каде да се бранам затоа што удираа секаде, освен по главата. Ме влечеа и во друга канцеларија, при влечењето ме удираа од ѕид. Цело време додека траеше тоа, ми презентираа што се случило и ме прашуваа зошто сум го направил тоа, тоа се повторуваше цело време, рече Видевски.

Тој опширно и детално ја опишуваше физичката тортура која му била вршена, нагласувајќи дека бил удиран со дрвена палка од страна на полициски службеник кој зборувал на источно-македонски дијалект за да каже дека го познава таткото на убиеното девојче, Александар Ѓорчевски.

— Ме прашаа дали го познавам таткото на девојчето, нормално не го познавам, но на крајот третото лице кое се приклучи држеше дрвена палка со која удираше по мене и ме натераа да кажам дека го познавам човекот. Цитирам ‘ќе те убијам ако не кажеш’, со дијалект од источна Македонија. Потоа, ме вратија во ќелија по што ме собраа горе ме однесоа во јавно обвинителство. Таму дадов иста таква изјава, затоа што бев под притисок на огромен страв. Ме прашаа дали сум во ред дали имам повреди, реков не, причината беше стравот, рече Видевски.

На прашање од страна на Обвинителството дали е точно дека на критичниот 26 ноември добил порака од страна на Палевски да дојде вечерта во 10 часот во седиштето на партијата Десна, бидејќи добил информација од таткото на девојчето, Видевски рече “дефинитивно не е точно, таткото на девојчето не го познавам и никогаш во мојот живот го немам видено, освен тука”. На ова реагираше одбраната на Палевски дека никаде досега не бил доставен таков материјален, ниту вербален доказ во целата постапка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: двојно убиствосудење
Next Post
Скриншот

Љатифи Азизи: Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk