СДСМ денеска го повика пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ да побара оставка од градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефановски, кој, според СДСМ, бил осуден за продажба на дрога.
„Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога. Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него. Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат член на ДПМНЕ од Пештани. Мицкоски го гледавме на слики како седи на иста маса со лице од Грчец уапсено за трговија со 32 килограми дрога, вредна 120.000 евра. За разлика од цело ДПМНЕ, Јон Фрчкоски си поднесе оставка и се повлече од позицијата. ДПМНЕ и Петрушевски се последните кои можат да ја прозиваат СДСМ“, се вели во соопштението од СДСМ од каде објавија документи за Стефановски.