Хунтата во Мјанмар прогласи „вонредна состојба“ низ целото подрачје на центарот на земјата, вклучително и во вториот по големина град Мандалеј и главниот град Најпидау.
Прогласена е „вонредна ситуација“ во регионите Сагаинг, Мандалеј, Баго и Магвеј, како и во источната држава Шан, јави Си-Ен-Ен.
Вонредна состојба е прогласена и во Нејпудау, главниот град на земјата кој е седиште на највисокото раководство на хунтата.
Големи делови од Мјанмар се уште се вон контрола на хунтата додека таа се бори со етничките бунтовнички групи и продемократските борци по преземањето на власта со државен удар во 2021 година.
Силен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала го погоди центарот на Мјанмар. Епицентарот бил на 16 километри северозападно од градот Сагаинг, на длабочина од 10 километри. Силни потреси биле почувствувани стотици километри подалеку во Тајланд и југозападна Кина.