Се уште не е познат мотивот за нападот со нож што се случи вчера во центарот на Амстердам, во кој беа повредени пет лица, а министерот за правда Дејвид ван Вел не исклучува можност дека станува збор за терористички напад.
Осомничениот е во притвор, објави „НЛ Тајмс“.
Инцидентот се случил вчера околу 15 часот и 15 минути во близина на плоштадот Дам, кој е едно од најпосетуваните места во Амстердам, лоциран во неговото историското јадро и опкружен со знаменитости како што е Кралската палата.