УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер.
Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови врнежи од дожд.