Лидерката на партијата Национален собир, Марин Ле Пен, е прогласена за виновна за проневера на пари од европските фондови за финансирање на нејзината крајнодесничарска партија, пренесува Би-би-си.
Судијата се уште не кажа колкава ќе биде казната. Обвинителите минатата година рекоа дека казната на Ле Пен не треба да биде само парична казна од 300.000 евра и затворска казна, туку и неподобност да се кандидира за јавна функција пет години.
Ова ќе ги уништи нејзините надежи да се кандидира за претседател во 2027 година.
Читањето на пресудата, кое започна нешто по 10:00 часот (09:00 часот БСТ) се очекува да трае до два часа.
Д. Мишев / Цивил Медиа