ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост, продолжува борбата на трансродовите лица за место во општеството

March 31, 2025 14:00
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ТРАГЕДИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се обидеме заедно, да ги прифатиме транс луѓето како рамноправни членови на општеството кои заслужуваат љубов, почит и заштита. Да се залагаме за иднина каде што ќе можеме да живееме автентично, без страв од насилство или дискриминација. Заедно можеме да придонесеме транс луѓето ќе бидат видени, чуени и вреднувани како сите останати. Заедно можеме да создадеме свет кој ги вреднува сите животи, порачува иницијативата ТрансФормА по повод 31 март, Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица.

ТрансФормА информира дека поради трагедијата во Кочани нема да се одржи Маршот на видливост, но тоа не значи, како што потенцира, дека трансродовите лица ќе молчат.

Иницијативата најавува дека продолжува борбата против маргинализацијата, дискриминацијата и насилството, како и борбата за место натрансродовите лица во општеството.

-На 31 март ширум светот ги славиме животите, отпорот и придонесот на трансродовите луѓе. Овој ден не е само момент за прослава, туку и за јасно адресирање
на маргинализацијата, дискриминацијата и насилството со кои се соочуваме како заедница. Тој е повик за правда, за промени и за солидарност. Во Македонија, ТрансФормА веќе седма година по ред го организира Маршот на видливост. Но, оваа година, само две недели по трагедијата во Кочани, не можеме да маршираме со срца обвиени во болка. Ова не е избор за невидливост. Напротив, нашиот глас, нашата борба и нашата солидарност остануваат силни. Но, не сакаме да чекориме низ улиците како ништо да не се случило. Оваа година сведочевме за систем кој не само што нè маргинализира како заедница, туку и ги обезвреднува сите животи. Транс заедницата знае што значи да се биде напуштен, игнориран и оставен сам на себе. Затоа, повикуваме на солидарност и меѓусебна грижа – бидејќи тие нè одржуваат во живот кога системот нè напушта, наведува ТрансФормА.

Иницијативата дополнува и дека стои заедно со сите што бараат правда, со сите што сакаат систем кој ќе ги вреднува човечките животи подеднакво.

-Видливоста е клучна во борбата за нашите права. Во општество како македонското, каде стереотипите и предрасудите сè уште имаат силно влијание, видливоста е предизвик што ги разобличува заблудите и создава простор за прифаќање. Седум години по ред, Маршот на видливост докажа дека транс луѓето одбиваат да бидат избришани или замолчани. Продолжуваме да се бориме за место во општеството кое нè признава како негов интегрален дел. Но, не смее да се игнорира опасноста што ја носат конзервативните анти-родови движења, кои шират страв, дезинформации и омраза. Нивната реторика има за цел да ги поткопа нашите права и достоинството на транс луѓето. Мораме да се спротивставиме на оваа штетна агенда и да ги поддржиме вистинските семејни вредности – емпатијата, разбирањето и безусловната љубов. Семејните вредности не подразбираат омраза, исклучување или неприфаќање на различностите. Тие значат поддршка, почит и инклузивност за секоја индивидуа, без разлика на родовиот идентитет. Како општество, имаме заедничка одговорност да осигуриме дека трансродовите лица ги имаат истите права и можности како сите други. Треба да се спротивставиме на предрасудите и дискриминацијата, каде и да се појават, истакнува ТрансФормА во апелот по повод Меѓународниот ден на видливоста на трансродовите лица.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: КочаниМаршот на видливостТРАГЕДИЈА

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Куќен притвор за 25-годишниот возач на мотоцикл што прегази маж на кеј и избега, обвинителството поднесе жалба

July 5, 2025

Жерновски: Дебакл на надворешната политика на Муцунски, ниту еден успех, само порази и понижувања

July 5, 2025

Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk