Граничниот пункт Рафа, 15 ден по ред е отворен во очекување да пристигнат повредените и болни Палестинци и нивните придружници на лекување во Египет, јави египетската новинска агенција МЕНА.
Медицински екипи се во постојана готовност, а возилата на брзата помош се подготвени за пристигнување на ранети и болни Палестинци.
До 18 март во Египет пристигнале 1.700 повредени и болни луѓе, како и 2.500 нивни придружници.
Израелските власти го затворија граничниот премин Рафа од палестинска страна.