РЕДАКЦИЈА АХА
Редакцијата АХА, која со сатирични вести се обидуваше да го сврти вниманието на читателите на сериозни општествени појави, залутани политичари и дилетантски јавни фигури, како што извести сопствеништвото на Фронтлајн, се ЗАТВОРА.
Арогантниот уредник на АХА, за светската и домашната јавност само штуро и револтирано изјави: “Владата на Македонија ни ја исцрпи цела инспирација и не остави без работа. Нема простор за сатира, Владата си е сатира самата за себе. Нешто слично е со состојбата во светот. Трамп, не ни остави ништо на фантазијата. Ги окупира сите можни и неможни хумористични сценарија.”
„Има најави од Маск и Цукенберг да го откупат мнозинскиот пакет од акциите на АХА, ама цицијат, не им се даваат две милијарди долари“ кратко изјави глодурот РИБАРО.
Тоа е, јебига, се читаме на некои поинакви датуми и посмешни времиња.
Рубриката АХА! беше простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста беше намерна и не беше претерана.
FRONTLINE.MK