ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стармер вети „мирен, прагматичен“ одговор на американските царини

April 2, 2025 16:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека владата „се подготвила за сите евентуални можности“ и оти работи со компании кои најверојатно ќе бидат погодени од царините на американскиот претседател Доналд Трамп.

Се очекува Трамп да воведе царини за увоз на стоки од целиот свет во соопштение на Белата куќа во 16 часот.

Британските бизниси се подготвени за влијанието на царините на претседателот на „денот на ослободувањето“, кои имаат потенцијал да ги попречат надежите на британската влада за економски раст, пренесе ДПА.

– Дозволете ми да бидам јасен со Домот, трговска војна не е во ничии интереси и земјата заслужува – и ние ќе преземеме – мирен, прагматичен пристап, рече Стармер во парламентот одговарајќи на пратенички прашања.

– Затоа напредуваат конструктивните разговори за да се постигне договор за поширок економски просперитет со САД. Затоа работиме со сите индустрии и сектори кои веројатно ќе бидат погодени. Нашите одлуки секогаш ќе се водат од нашиот национален интерес и затоа се подготвивме за се што евентуално може да се случи и нема да исклучуваме ништо, рече Стармер.

Автомобилската индустрија веќе се соочи со царини од 25 проценти за возила извезени во САД – нешто што може да чини околу 25.000 работни места во Велика Британија.

Интензивните дипломатски напори и преговори за економски договор меѓу Велика Британија и САД не се очекува да бидат доволни за да се поштедат британските извозници од царинските планови на Трамп.

Воведувањето царини ќе ги поскапи британските стоки во САД, што веројатно ќе ја намали побарувачката.

Next Post

Европол: Разбиена масовна педофилска мрежа, приведени 79 лица

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk