ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ најави нова публикација за одбрана на демократијата и човековите права: Глобална иницијатива основана во Скопје

April 3, 2025 08:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во партнерство со Медиа Дијалог (Media Dialogue) и Младите за медиумите (Youth4Media) од Германија, и меѓународната организација Нов европски граѓански форум со седиште во Брисел, најавува промоција на публикацијата „Одбрана на демократијата и човековите права – извештај и препораки“. Публикацијата е на англиски јазик и опфаќа обемен документ за политики, со препораки и стратешки насоки за борба против дезинформациите и хибридните закани, јакнење на демократските институции, граѓанското општество и медиумите, и решително сопирање на авторитаризмот, воените агресии и ултрадесничарските тенденции.

Понатаму, публикацијата содржи опсежна транскрипција од конференцијата на 12 декември на која учествуваа околу 30 говорници од десетина европски држави и од САД. Во публикацијата е поместен и дел со извештај за активностите што произлегоа од работата на проектот „Одбрана на демократијата и човековите права“, фотографии и линкови до онлајн ресурси на организациите, носители на проектот. Овој проект го финансира владата на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, со која партнерските организации имаат долгогодишна соработка.

Публикацијата чие објавување се очекува идната недела, ќе биде претставена на сите значајни меѓународни настани оваа година и ќе биде доставена до сите носители на одлуки, значајни граѓански и тинк-тенк организации и медиуми во светот.

Силно и видливо беше присуството на ЦИВИЛ на меѓународната сцена во изминатиот период. ЦИВИЛ беше домаќин на голем меѓународен настан, конференцијата „Одбрана на демократијата и човековите права“ што се одржа во Скопје, на 11 и 12 декември. Веднаш по конференцијата беше формирана и Иницијативата за одбрана на демократијата која има глобален карактер.

На 4 март, ЦИВИЛ беше домаќин на уште една меѓународна конференција „Украина и светот: Отпор против агресијата, победа над авторитаризмот“ на која, освен од Северна Македонија, учествуваа 16 говорници од Украина, Германија, Велика Британија, Франција, Полска, САД и други земји.

Стратегијата на ЦИВИЛ, усвоена на свеченото собрание на организацијата по повод 25-годишнината од основањето во ноември, 2024 година, вклучува голем број иницијативи за прекугранична и меѓународна соработка. Во тој дух, ЦИВИЛ во изминатите четири месеци организира дури две меѓународни конференции, а во тек се и активности и проекти на регионално ниво.

Регионалните и меѓународните активности на ЦИВИЛ ќе се засилат уште повеќе во текот на наредните месеци.

ЦИВИЛ

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи

НАЈНОВО

Кочани вечерва сплотено во болка, љубов и заедништво – ѕвездено небо и светлина за 62 ангела

September 16, 2025
Фото: Фејсбук на Марија Андоновска

ИЈЗ: Нема радиоактивност во водата и опасни тешки метали во почвата по пожарот во Трубарево

September 16, 2025
„Шест месеци без правда за Кочани“, плоштад Македонија, Скопје 16 септември 2025 фото: ЦИВИЛ

(ФОТО) „Шест месеци без правда за Кочани“ – Марш за ангелите во Скопје

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk